ПИЈТЕ ИЛИ ГРИЦКАЈТЕ НЕШТО

Неколку совети да се чувствувате подобро кога сте тажни

Тагата доаѓа од различни причини: смрт во семејството, распад на врската или бракот, болест, финансиски проблеми или стрес на работа.



Но, што можете да направите за да ја надминете или барем да се чувствувате подобро во моментите на тага? Ова се неколку едноставни начини за да го направите секојдневието подобро во тешките моменти и да ја направите тагата незабележлива?

Напијте се нешто

Не препорачуваме тоа да биде алкохол. Хидратацијата е многу важна за здравото тело. Одличен избор за пијалак во моментите на тага е чајот (особено од мајчина душица, нане и камилица), но и секој друг пијалак е добредојден. Сокот од свежо цеден портокал, лимонадата, минералната вода, па дури и кафето.



Грицкајте нешто

Препорачливо е грицките да бидат здрави. Без разлика дали се 100 грама бадеми или 100 грама малини, здравата ужина ќе направи вашето тело да добие енергија и да се почувствувате освежени. Исто така здравата ужина ќе ве засити и нема да имате потреба од обилно прејадување потоа.



Запалете светло во просторијата во која што престојувате

Не дозволувајте темнината да ве обземе и тагата која ја носи да доминира со вашите емоции. Запалете светло, или кренете ги ролетните. Нека влезе светлина во собата, ветуваме ќе се почувствувате многу подобро.



Направете листа

Слободно земете лист хартија и пенкало и на неа напишете ги сите нешта кои прават да се чувствувате тажни. Со тоа што ќе ги напишете на хартија, ќе ги визуализирате, тие ќе станат препознатливи за да можете подобро да ги надминете проблемите, а со нив и тагата.



Бидете продуктивни

Продуктивноста може да биде и едноставна. Читајте, гледајте добар филм, слушајте ја омилената музика, излезете и прошетајте во природа. Правете се за да ја подобрите менталната состојба.



Исчистете го домот

Не мора да биде тоа генерално чистење. Започнете од една соба од станот или куќата во која живеете. Сметете ги теписите или преуредете го плакарот со облека. Подарете ги парчињата облека кои не ги носите. Тоа ќе направи да се почувствувате подобро и да заборавите на тагата.



Наспијте се

Најчесто тагата и несоницата одат заедно. Всушност тоа е круг без крај. Поради грижите и тагата, не спиеме добро, а поради тоа што не сме доволно наспани нашата состојба на тага се зголемува. Обидете се да се наспиете добро.



Визуализирајте се себе си во идеалната состојба

Да идеалната и совршена состојба не постојат, бидејќи совршенството не постои, но обидете се да се визуализирате себе си во комплетната спротивност од таа во која што сте. Откако ќе го направите тоа, обидете се да работите на излез од сегашната состојба за да дојдете до „совршената состојба на себе си“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби