ВИ СЕ ПОЈАВИЈА БЕЛИ ВЛАКНА?

Дали да почнете да ја бојадисувате косата или не?

Малку девојки се рамнодушни кога во огледалото ќе здогледаат бели влакна, но побелената коса не значи крај на светот, туку она што е мошне интересно е дека токму таа боја на коса стана светски тренд. Од една страна, сè повеќе жени гордо си ја носат својата побелена коса, а од друга страна, младите жени намерно си ја бојат косата во некоја светла нијанса, бела или сива, бидејќи изгледа многу секси и шик. Сè што треба е да ја негувате и да ја носите со стил.



„Генетско програмирано“ време за бели влакна

Со текот на годините влакната природно избледуваат, бидејќи се намалува активноста на клетките, кои произведуваат пигмент меланин од кој ја добиваме бојата на косата. Научниците велат дека во секој еден човек генетички е „програмирано“ времето кога ќе ни се појават бели влакна, но очигледно тоа влијае и на начинот на живот.

Некогаш, првите бели влакна се појавувале околу 30-тите години, а денес се повидливи и порано, податок кој го потврдуваат и многу фризери. Се смета дека причините треба да ги побараме во стресот, нездравата исхрана, штетните навики како што е пушењето, но и сè поголемата употреба на хемиски средства за коса. На раната појава на бели влакна може да влијаат и разни здравствени потешкотии, како на пример намалената количина на витамин В во организмот или нарушена работа на тироидната жлезда.

Белата коса природно е погруба, па бара интензивна нега и редовно пострижување. Ако сакате да ги прикриете белите влакна, најпрво советувајте се со фризерот дали е воопшто потребно целосно бојадисување или ќе ви биде доволен само прелив или прамени.

Познатите како инспирација



Познатите жени кои носат природно бела коса како заштитен знак, се одлична инспирација за убава фризура. Кралица на оваа елеганција е оскаровката Хелен Мирен, но можевме да ги видиме и Лејди Гага, Рита Ора и Пинк со коса во бели нијанси.

Како да ја прикриете белата коса?

Ако сакате да ги прикриете белите влакна, можете да си извадите прамени во сива боја со сребрен сјај. Разните техники на прамени може да биде добро решение ако имате поголема количина на бели влакна.

Целосно покривање на белите влакна се добива преку фарбање на целата коса со фарба, но тоа е и постапка која ќе треба да ја правите секој месец. Понежна боја (без амонијак) е прелив кој не може целосно да ги прекрие белите влакна, но може да ги омекне и да им даде сјај на сите влакна на косата, а на тој начин и да се избалансира разликата во бојата.



Како да се грижите за косата:

  • Косата треба да ја нахранувате добро и одвнатре, па потрудете се да внесувате намирници со витамин В и Е, незаситени масни киселини, протеини и минерали.
  • Кубењето на белите влакна воопшто не се препорачува затоа што така може да ја уништите фоликулата на влакното, па ново влакно на тоа место нема ни да порасне.
  • Здравата алтернатива на хемиски бои за коса, се бои на база на природни состојки со екосертификат.
  • За потемнување и прикривање на белата коса, стручњаците за природна нега на косата, препорачуваат нега со рузмарин и жалфија.
  • За привремено фарбање на белите влакна се нудат посебни маскари за прекривање на израстоците, но истите паѓаат уште на следното миење на косата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби