Зошто мажите одат кај други жени?

Брачниот советник Гери Њумен објаснува зошто мажите изневеруваат. Имено, тој извршил истражување меѓу своите клиенти кои ги изневерувале жените и девојките, со цел да дојде до заклучок, зошто мажите посегнуваат по други жени.



Во глобала, многумина мислат дека се изневерени поради сексот, но Гери дојде до друг заклучок. Според мислењето на овој брачен советник, мажите се впуштаат во афери кога во врска или во брак не се емотивно исполнети.

- Мажите се многу поемотивни отколку што мислите. Нив не им е важен само физичкиот изглед, смета Гери.

Бидејќи 92% од мажите се изјасниле дека не изневеруваат поради сексот, објасниле и кои се нивните причини за впуштање во афера. Најчесто изневеруваат кога во бракот или во врската се чувствуваат осамено, односно кога не добиваат доволно внимание од партнерката. Од друга страна пак од љубовниците добиваат поддршка и внимание.



Жените со кои ги изневеруваат своите партнерки прават да се чувствуваат вредно и ценето.

- Мажите сакаат да победуваат. Ако сакате вашиот маж да се чувствува сигурно во врска, овозможете му го чувството на победа, советува советникот.

Тој нагласува дека не сака жените да се чувствуваат виновно кога партнерот ги изневерува, бидејќи не е важно кој е виновен. Според него клучот е во тоа, ако правите одредени работи, врската ќе ви биде многу подобра. „Другата“ жена не е ниту поубава, ниту посекси, ниту попаметна.

- Имав многу љубовници, ниедна не беше поубава од мојата жена, ми кажа еден клиент кој постојано ја изневеруваше својата сопруга, но не сакаше да се разведе од неа, објаснува Гери.

Од испитаните мажи, 88 проценти изјавиле дека љубовниците не биле позгодни од нивните партнерки, ниту пак им било важно, бидејќи не барале афера заради сексот туку се чувствувале дека партнерките не ги ценат доволно. Со други зборови, мажите бараат од жената да ги прави живи, посакувани и почитувани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби