ЦРВЕН ТЕПИХ НА ЕМИ НАГРАДИТЕ

Лажниот тен го засени фустанот

Доделувањето на Еми наградите уште еднаш ни овозможи да ги видиме познатите ѕвезди во своето најдобро издание на црвениот тепих.

Иако некои од нив и повеќе од очигледно потфрлија во модниот избор, вечерта помина без поголеми изненадувања, барем кога станува збор за модните креации.

Ѕвезда на настанот несомнено е Емили Ратајковски во модното парче од колекцијата на Зак Посен, кој воедно и беше нејзин партнер за вечерта. Темно синиот фустан со необичен крој го истакна вродениот сексапил на Емили, па со право беше една од најубаво облечените на доделувањето на наградите.

Колумбиската дива, Софија Вергара, ги стегна своите раскошни облини во бел модел со металик детали од модната куќа на Версаче.

Сосема очекуван избор за Софија, со оглед на тоа дека секогаш избира фустани кои ќе го „скротат“ бујното деколте, а притоа нема да изгледа вулгарно.

Една од оние кои повеќе привлекоа внимание со тенот, отколку со фустанот беше Клер Дејнс. Актерката претера со третманот за потемнување, па на црвениот тепих се појави видно потемна од она што реално е.

Златниот фустан што го носеше, ќе биде далеку повпечатлив доколку се појавеше со својата природна боја на кожата. Лажниот тен ја засени креацијата, па на социјалните мрежи доби лавина коментари дека изгледа портокалово и „препечено“.

За тоа како изгледаа преостанатите ѕвезди и кој потфрли, а кој блесна на вечерашното доделување погледнете ги следните фотографии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби