АКО УТРЕ УМРАТ СИТЕ КОИ ГИ ЗНАЕШ, КОЈ ЌЕ ГО ПОСЕТИШ?

Прашања кои ќе ви ја сменат перцепцијата на животот

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да не знаете што да изберете и како да постапите во одредена ситуација? Потрудете се да одговорите на следните прашања и дознајте ја смислата на вашиот живот.

Можеби прашањата ви изгледаат како едноставни, но истите може да направат голема разлика во вашиот живот. Ќе ви дозволат да надминете одредени проблеми, кои се скриени длабоко во вас.

Запомнете, овде нема погрешни и точни одговори, туку мора да одговорите веднаш, без да размислувате многу долго.



1. Колку ќе си стар, ако не си ги знаеш годините?

2. Што е полошо, да се соочиш со неуспех или никогаш да не го прифатиш предизвикот?

3. Ако животот е толку краток, зошто поминуваме многу време правејќи работи кои не ни се допаѓаат, а толку малку ги правиме работите кои ги сакаме?

4. Ако работата е завршена и сè е кажано и направено, што си направил повеќе – си дејствувал или си зборувал во врска со тоа?

5. Ако можеш да смениш една работа во светот, која би била таа?

6. Ако среќата се парите, што би работел за да се збогатиш?

7. Дали правиш нешто во кое веруваш или само се трудиш да веруваш во она што го правиш?

8. Ако знаеш дека ќе живееш до 40 години, што би сменил со цел да имаш најдобар живот?

9. Каква контрола имаш на она што се случува во твојот живот?

10. Што ти е поважно: Да ги правиш работите како што треба или да ја правиш вистинската работа?

11. На ручек си со тројца луѓе кои ги цениш и ги почитуваш. Ќе започнат да критикуваат еден твој близок пријател, без да знаат дека тој ти е близок. Нивната критика не е соодветна и е навредлива. Што ќе направиш?

12. Ако на мало дете можеш да му дадеш само еден совет за животот, што би било тоа?

13. Дали би го прекршил законот само за да заштитиш некого кого сакаш?

14. Дали веруваш дека некој бил луд пред да се открие дека тој всушност е гениј?

15. Што правиш во животот, што те истакнува од другите?

16. Зошто она што тебе те прави среќен, не ги прави и другите среќни?

17. Што е она што толку многу сакаш да го направиш, а никогаш не си го направил? Што те спречува?



18. Дали се држиш до нешто кое што одамна требало да се откажеш?

19. Ако некој ти пружи шанса да се преселиш во друга земја, каде би одел и зошто?

20. Дали го притискаш копчето во лифтот повеќе од еднаш? Дали навистина мислиш дека тоа ќе го забрза?

21. Што сакаш повеќе да си: Проблематичен гениј или среќна будала?

22. Зошто ти си ти?

23. Ако можеш да станеш пријател со самиот себе, дали ќе сакаш да имаш таква личност за пријател?

24. Што е полошо да си го гледаш најдобриот пријател како се сели во друга земја или да живеете блиску, но да се оддалечувате?

25. За што си најмногу благодарен?

26. Што би избрал: Да ги изгубиш сите сеќавања или никогаш да немаш нови?

27. Дали некогаш може да се дознае вистината ако не се трудиме?

28. Дали твојот најголем страв се исполнил?

29. Се сеќаваш ли колку несреќен беше пред пет години? Дали сега тоа има некое значење?

30. Кое е твоето најсреќно сеќавање од детството? Зошто токму тоа?

31. Кои настани или искуства кои се случиле во минатото прават да чувствуваш жив?

32. Ако не сега, кога?

33. Ако се уште не си постигнал нешто, тогаш што имаш да изгубиш?

34. Дали некогаш си почувствувал дека имаш вистинска поврзаност со некој иако не сте изустиле ниту еден збор?



35. Дали е можно со целосна сигурност да знаеме што е добро, а што лошо?

36. Ако ти дадат милион денари, дали ќе се откажеш од работата?

37. Што сакаш повеќе да работиш работа која има многу обврски или мала работа која сакаш да ја работиш?

38. Дали имаш чувство дека веќе си го живеел денешниот ден стотици пати претходно?

39. Кога последен пат си направил нешто без план, само со вербата во себе дека може да се заврши?

40. Ако сите кои ги познаваш ќе починат утре, кој ќе го посетиш за последен пат?

41. Дали ќе замениш 10 години од твојот живот за светска слава?

42. Што е разликата меѓу животот и постоењето?

43. Кога ќе дојде моментот кога ќе ризикуваш и ќе го правиш она што мислиш дека е исправно?

44. Ако учиме од грешките, зошто се плашиме да ги правиме?

45. Што би правел поразлично ако знаеш дека никој нема да те осудува?

46. Кога последен пат си го слушнал своето срцебиење?

47. Што е она што сакаш? Дали си сигурен дека ја имаш таа љубов?

48. Дали може да се направи разлика помеѓу она што го правеше вчера и она што го правиш секој ден во последните пет години? А, што е со завчера?

49. Дали сами донесувате одлуки или некој друг тоа го прави за вас?

50. Кое е најважното ветување кое си сго дал на себеси?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби