ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА ОКТОМВРИ

Што ви носи почетокот на есента?

Десет дена пред почетокот на октомври имате можност да дознаете што ве очекува и на што треба да посветите внимание доколку сакате да го поминете месецот на најдобар можен начин. Оваа анализа е направена врз основа на нумерологијата на датумот на раѓање.

Најпрво треба да го пресметате својот сончев број, што во суштина е збир од денот и месецот во кој што сте се родиле. На пример, доколку сте родени на 23 мај, вашиот број е еднаков на 2+3+5 (за мај). Од тука добивате 10 или 1 зошто треба да добиете едноцифрен број.

Следно што треба да направите е да ја прочитате прогнозата за октомври за соодветниот број.

Број 1

Месецот ви носи зголемена интуиција, па многу сте потсвесни за своите чувства, а воедно и за туѓите. Токму затоа од една страна ќе ја имате силата и самодовербата на лидер додека од друга ќе покажете голема дипломатија. Во центарот на сите случувања се љубовните врски. Доколку не сте во врска има шанси да запознаете некој посебен. Ако пак веќе имате некој, односно некоја, тогаш врската ќе стане постабилна. Она на што треба да внимавате се изливите на бес и неприфаќањето на туѓите критики. Кон крајот на месецот, конечно ќе сфатите дека во некои ситуации подобро е да се извините за нештата што сте ги направиле, отколку да останете горделиви и да се однесувате како воопшто да не сте направиле грешка.

Број 2

Време е да направите пауза. Ако е можно заминете некаде подалеку од градот за убаво да ги наполните батериите и да се забавувате со пријателите и семејството. Кога станува збор за работното место сега треба да покажете поголема креативност и да ги презентирате идеите за кои размислувате со месеци. Можете да добиете многу позитивни поени кај претпоставените и конечно да го добиете унапредувањето кое го посакувате. Нумеролошката прогноза за октомври препорачува што е можно повеќе да го избегнувате стресот и да се не се тревожите за сè и сешто.

Број 3

Месецов најважниот приоритет е кариерата, па не е воопшто чудно ако се фатите себе си како работите прекувремено за да ги остварите своите цели. Изгледа дека во октомври сите ќе сакаат нешто од вас, а вие ќе мора да внимавате на деталите за сè да излезе како што треба. Иако на моменти може да се чувствувате како да не сте и дораснати на задачата, не се повлекувајте од предизвикот. Месецот ќе направи притисок и на домашниот фронт каде ќе треба да внимавате на финансиите и на буџетот доколку сакате да ви останат пари за сè.

Број 4

Октомври носи многу можности и многу промени. Може да одите на патување поврзано со работа кое ќе донесе многу позитивни резултати. Другата опција е да добиете трансфер или унапредување. Што и да ви се случи од ова, ќе биде мошне добро за вашата кариера. Ако работите во продажба или имате сопствен бизнис овој период за вас е најдобриот од годината. Истото важи и за сите оние кои работат со клиенти и се ориентирани кој давање најразлични услуги. Единственото нешто на што треба да внимавате се импулсивните одлуки бидејќи пред вас е динамичен месец во кој ќе треба да ја преземете контролата доколку не сакате конците да ви избегаат од раце.

Број 5

Претстојниот месец носи динамични промени на секое поле, а воедно и зголемен број на обврски. Сепак, вашиот фокус ќе биде насочен кон семејството и пријателите. Бидете искрени како кон себе си, така и кон нив, за да не се најдете во ситуација да ја злоупотребите нивната доверба. Ако сте слободни сега имате шанса за сериозна врска, додека пак ако сте во долга врска ова е месецот кога можеби ќе решите дека сте подготвени за брак. Во октомври сè e можно!

Број 6

Пред вас е време кога ќе треба да се дистанцирате од проблемите на другите луѓе и малку повеќе да се посветите на себе. Досега го вложувавте своето време и енергија решавајќи туѓи дилеми и додека сите сметаа на вас, заборавивте на своите приоритети. Ако чувствувате носталгија или пак се каете за нешто, во октомври ќе работите на тоа да се ослободите од тие негативни чувства. Нумерологијата ви препорачува да бидете поактивни и наместо да седите пред телевизорот да се посветите на најразлични физички активности.

Број 7

Месецот е одличен за подобрување на финансиите и напредување во кариерата. Сега ќе ги собирате плодовите од напорната работа во изминатите 7 години. Октомври е само почеток на се што ве очекува во наредната година, па затоа потрудете се да го искористите максимално. Сепак, не лажете се дека ќе добиете се што ќе посакате. Ќе го добиете само она што ви е потребно, односно она што досега сте го посеале. Бидете малку поагресивни на работното поле и се ќе дојде во совршен ред.

Број 8

Во наредниот период ќе се откажете од некои идеи кои сте ги имале подолго време, а се покажале како нефункционални. Можеби и ќе се запрашате „Што сега?“. Време е сериозно да размислите што сакате од животот и како да го добите тоа. Тоа значи дека ќе се ослободите од сите нешта што не ви требаат, но и од сите луѓе кои сметате дека го ограничуваат вашиот потенцијал. Помалку ќе фантазирате и повеќе ќе работите. Ќе си направите пат за новите идеи и планови за во наредните месеци да започнете со реализација.

Број 9

За вашиот сончев број октомври е месец на нови почетоци, нови луѓе, па дури и ново работно место. Поиграјте си со шансите, ризикувајте и храбро тргнете во поход. Не дозволувајте туѓиот недостаток од самодоверба да ве спречи во остварувањето на плановите. Освен тоа треба да внимавате на кого му ги доверувате своите пари. Што се однесува до другите аспекти од вашиот живот, како пријателствата и љубовните врски очекувајте во вашиот живот да се вратат луѓе на кои сте подзаборавиле, но тие се уште мислат на вас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби