Ејми Петерсон и Дајана Расел моментално работат и живеат во Детроит. Тие се преселиле во овој град кога почнале да работат на ново работно место и навистина се зближиле со заедничкото хоби, дизајнирање и креирање накит.
Како инспирација за нивниот накит послужиле илјадниците графити кои може да се најдат низ градот. Цената се движи од 3 до 175 долари, во зависност од големината на парчињата кои изгледаат мошне уникатно.