Џоана Адамс е стилист и специјалист за шминка која покрај тоа што работи во своето студио, делата од својата работа ги споделува и на социјалната мрежа Instagram.
Таа во шминкањето користи многу кристали, златна, сребрена боја и сјај. Откако ќе ги погледнете нејзините креации ќе посакате и самите да имате вака украсени усни.