ИДНИНАТА ЗАВИСИ ОД СЕГАШНИТЕ ФИНАНСИСКИ ОДЛУКИ

Финансиски совети за успешна љубовна врска

Кога со некого сте решени да живеете заедно, колку и да мислите дека парите не се проблем, на крај тие може да бидат причината поради која често се карате. Без разлика кој колку зема плата и што работи, добро е да си имате одредени правила со вашиот партнер и да се придржувате до истите, бидејќи многу парови се разделиле токму поради овој проблем.

Постојат неколку стратегии кои ќе ви помогнат да ги решите поголемите проблеми поврзани со финансиите и да имате среќна врска полна со разбирање.

Редовно разговарајте за буџетот



Многу е важно да разговарате со партнерот за буџетот и тоа често. Една американска банка направи анкета и откри дека 78% од паровите кои дискутираат на тема пари еднаш неделно, се посреќни.

- Двојките кои ги искажуваат своите мислења за парите, искрено одговараат како ги трошат и за што сакаат да заштедат, не ја делат само информацијата за парите, туку ги споделуваат и нивните чувства и цели, што е главно за да се изгради една здрава врска, вели експертот за врски Ејприл Масини.

Колку и да ви изгледа тешко, седнете и почнете разговор на оваа тема. Барем еднаш неделно или два пати месечно разговарајте за буџетот со цел да направите финансиски план. Поставете си цели и следете до каде сте, но и мотивирајте се еден со друг.

Имајте одделни сметки..или заедничка?!



За оваа тема мора двајцата да се договорите. Постојат парови кои имале заеднички сметки, но не завршиле добро, но и оние кои имале по една посебна и плус заедничка сметка, па се покажало дека многу добро менаџираат со парите.

Заедничка банковна сметка си носи големи предности. Треба да биде одделна од вашата сопствена сметка и да ви биде ориентирана само за она што го имате заедничко зацртано со вашиот партнер.

- Парите се заедничка работа, а кога двојките чувствуваат дека се тим, кој го дели и поразот и успехот, тие се зближуваат многу повеќе, смета Масини.

Сепак, ако имате партнер кој не знае да штеди и кој троши постојано на секакви глупости, можеби не ни треба да имате заедничка сметка, бидејќи ќе почне и од таму да троши, а токму така настануваат најголемите проблеми. Поради тоа, самите треба да си процените дали вашиот партнер знае добро да управува со парите.

Бидете отворени за вашето трошење



Претераното трошење е број еден причина за карање, откри анкетата направена од Gobankingrates.com, додека втора е неискреноста за трошењето.

Можеби нема да му биде лесно на партнерот да слушне за што сè трошите пари, но многу е важно да сте искрени и отворени во врска со тоа прашање.

- Финансиското лажење е голем проблем во врските. Држење во тајност на трансакциите ја разнишува довербата и поттикнува сомнеж кај партнерот кој ќе открие дека лажете, додава Масини.

Бидете отворени за вашето трошење, кредитната картичка и трансакциите, па дури и побарајте совет од партнерот доколку претерувате со трошење.

Споделете ги финансиските разлики



Сигурно имате различни гледишта за парите од вашиот партнер, вклучувајќи и како треба да трошите, да штедите и да менаџирате. Но, наместо да ги држите во тајност овие сфаќања, споделете ги.

Експертот за врски, Џоди Шуелке истакнува дека некој од партнерите можеби не сака да знае ништо за парите, но кога ќе се појави парична криза, веднаш реагира. Може да ја избегнете оваа ситуација и која било поврзана со финансиите само ако разговарате и споделувате секакви гледишта, па дури и финансиските разлики. Разговарајте за вашите примања и трошоци, направете разлика и договорете се како заедно да бидете на еднакво ниво, без да се чувствува разликата.

Направете заеднички финансиски план



Без разлика дали планирате пензиски фонд, животно осигурување, раѓање деца или селење во поголема куќа, мора да имате финансиски план со цел да ги донесете тие важни одлуки заедно со партнерот.

На пример, ако планирате да имате деца, мора да седнете и да ги разгледате вашите банковни сметки, за да одлучите дали е добро баш во овој момент да имате дете. Можеби ќе ви треба подобро платена работа, со цел да си ги дозволите сите работи кои му се потребни на новороденчето. Или пак, можеби ви треба да помине уште некое време за да го зголемите фондот на штедење и тогаш да се преселите во поголема куќа.

Гледајте на проблемите со парите како можност за подобрување на врската



Иако карањето во врска со парите може да биде исцрпувачко и нервозно, размислете што точно значат тие проблеми. Сфатете ги проблемите како нормални и разберете дека овие конфликти може да бидат можност за да си ја подобрите врската.

Конфликтот може да се појави кога и двајцата партнери имаат спротивни гледишта, па сега е одлично време да разговарате за вашите финансии и како тие се одразуваат на вашата врска.

И запомнете, иднината ви зависи од сегашните финансиски одлуки!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби