КОГА ФОТОГРАФИЈАТА ЛАЖЕ

На Инстаграм совршени во реалноста сосема нормални

Пред да си набиете комплекси дека вашето тело има мал милион несовршености, сетете се дека не ретко нештата не се онакви какви што мислиме дека се.

Ова најмногу се однесува на социјалните мрежи како Инстаграм каде што постојано се постираат фотографии кои освен тоа што некогаш поминуваат низ неколку фото филтери, кријат уште една замка – аголот под кој што се направени. Повеќето жени објавуваат фотографии на кои не се гледаат мааните на нивното тело и создаваат илузија дека изгледаат совршено.

Група жени на Инстаграм решија да го срушат митот за идеалното тело, така што постираат две фотографии една до друга. На едната е фатен совршениот агол, додека на другата како навистина изгледа нивното тело, без оваа фото финта.

Ен Викторија

Таа е Инстаграм фитнес ѕвезда која е дел од популарните Fit Body Guides. Фотографијата е направена неколку дена пред нејзината венчавка. Очигледно и најдобрите имаат лош ден.

Џен Видерсторм

A photo posted by jenwiderstrom (@jenwiderstrom) on

Џен е персонален тренер на The Biggest Loser. Овие фотографии се направени со разлика од неколку минути, со цел да се покаже дека дури и најрамниот стомак изгледа стуткано кога седиш.

Емили Скај

A video posted by EMILY SKYE (@emilyskyefit) on

Оваа девојка ќе ви покаже колкава е разликата во изгледот како стоите опуштено и подгрбавено, а што се случува кога ќе се исправите и ќе го вовлечете стомакот навнатре.

Меги Фиеро

Меги е мајка која успеа да го стави своето тело во форма со програмата од 83 недели. Сепак, ако малку подобро погледнете во нејзиниот стомак. Па, таа има стрии! Ако мислевте дека е мајка со совршено тело, сега може да здивнете зошто и таа е нормална.

Ела

A photo posted by Ella (@ellafitness_) on


Оваа бикини девојка практично го покажува ефектот на виткање на стомакот. Благото виткање навнатре во комбинација со добар агол на фотографирање прави чуда.

Кајла Итсин

Основачот на Bikini Body Guide и персонален тренер едноставно вели: Луѓето кои претеруваат со своите пред и потоа фитнес фотографии само промовираат лажни фотографии од себе- најверојатно ставаат преголем акцент на тоа како изгледаат во споредба со тоа како се чувствуваат.

Наравоучението од сите овие Инстаграм фитнес девојки и мајки, е дека треба да го сакате своето тело со сите негови несовршености бидејќи вистината е дека не постојат идеални нешта. Следниот пат кога ќе посакате да „продадете“ совршена верзија од себе размислете дали го правите тоа само за да ги импресионирате луѓето со лажна претстава за себе.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби