Ќе се омажам за старец: Богат е и ме сака, а веќе го губи помнењето

Една 28 годишна девојка од мало место покрај Јадранското крајбрежје, запознала 70 годишен богаташ, додека чистела апартмани во Истра. Во него ја видела својата прилика да побегне од сиромаштвото. Но, пред да осудувате, прочитајте ја нејзината приказна.



Уште од раѓање живеам скромно. Мојата мајка многу работи целиот живот, а патењето низ кое поминала оставило длабока трага на нејзиниот изглед и здравје. Се омажила за мојот татко од љубов, но немала многу корист од него – повеќе време поминувал покрај шанкот, отколку дома. Сè остануваше на неа.

Јас решив дека не смеам да дозволам тоа да ми се случи и мене. Не сакам да преживувам и да пропаѓам. Животот е премногу краток за да не се потрудам да искористам сè што ми се нуди во него. Таква прилика ми се прикажа со 70 годишен маж од Истра. Го запознав додека таму чистев апартмани. Богат е и лудо заљубен во мене. Вели дека повторно се чувствува млад, а и дека му се допаѓаат нашите сексуални односи. Во последно време, почесто сум кај него, отколку кај мене дома.



Има огромна куќа и толку многу пари на сметката, што никако нема да може да ги потроши дури и ако се роди уште еднаш. Покрај тоа, наследил неколку луксузни куќи низ Хрватска, бидејќи мајка му била многу богата. Неодамна ме праша дали сакам да се омажам за него. Најпрво малку се двоумев, бидејќи и вака не ми е лошо – ми купува сè што сакам, ги плаќа моите и сметките на мајка ми, ме носи во скапи ресторани и слично.

Сепак, се согласив бидејќи видов дека го губи помнењето. Тоа е прилика сè што има (или бар дел) да биде мое и конечно да живеам како што сум сонувала. Неговиот син и ќерка полудеа кога им кажа дека ќе се венчаме. Се трудеа тоа да го запрат. Дури ме нарекуваат и „курвата која дојде од село и го фати татко им“. Него во една прилика му кажале дека „полудел во стари денови, дека ќе го подели целиот имот кој го наследил и него ќе му биде жал кога еден ден ќе престане да размислува со пенисот“.

Поради сето тоа, одлучивме да имаме мала венчавка – само ние и кумовите. Се согласив да го земам неговото презиме, бидејќи така ќе бидам сигурна дека и тој ќе се погрижи за мене и мојата иднина. Се надевам дека тоа ќе биде наскоро. Не сакам да живее многу долго, бидејќи сакам да уживам додека сум уште млада. Знам дека тоа звучи ладно и злобно, но јас сум искрена. Многу жени размислуваат исто, само што на нив не им се укажала вака добра прилика како мене.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби