Знаци кои откриваат дека ѝ се допаѓате

Жените се непозната книга за повеќето мажи и многу им е тешко да откријат дали чувствуваат некоја хемија или не. За повеќе да не се мачите да ги одгатнете, забележете дали ги покажува следните интереси, а со тоа ќе дознаете дали ѝ се допаѓате.



Одвојува време за вас дури и кога нема многу време – размислете, кој во денешно време би ги менувал своите планови и дневната рутина само за да оддели малку време за вас? Тоа ќе го направи онаа на која многу ѝ се допаѓате.

Љубоморна е – ако жената е заинтересирана за вас, ќе биде љубоморна ако зборувате за симпатии кон некоја друга жена. Тоа е уште еден знак, бидејќи нема да биде љубоморна ако ве гледа само како пријател.

Се труди да дознае дали и таа вас ви се допаѓа – и ќе се труди тоа да го прави суптилно, односно ќе ви праќа сексуални сигнали како што е лижење или грицкање на усните, ќе си игра со косата и слични движења. Во тие моменти, таа очекува нешто да преземете доколку и вие ги имате истите симпатии кон неа.

Може да каже нешто во стилот на „Немој да си странец“ – што значи дека покажува како сака да бидете покомуникативни и да се зближи со вас.

Прва ве бара или ви пишува – што е прилично јасен знак дека многу и се допаѓате, бидејќи тоа не го прави од досада. Освен тоа, многу жени чекаат мажот да го направи првиот чекор.

Ве допира – што е огромен знак бидејќи не може да одолее да не ве допре, без разлика дали ќе направи дека тоа било случајно, но всушност направено е со намера. Очигледно и се допаѓа нешто кај вас и не може да се воздржи.

Ви дели комплименти и се шегува со вас – овој знак не мора со сигурност да покажува дека сте и привлечни, но често е така. Всушност, жената сака да и обратите внимание и се труди да види како ќе реагирате на она што ви го кажала. Исто така, жените не се многу склони кон делење на комплименти, па тоа може да биде добар знак дека и се допаѓате.

Поставува многу лични прашања – тоа го прави затоа што сака многу подобро да ве запознае и да биде сигурна дека сте мажот со кој сака да биде моментално. Размислете, сигурно не би го правела тоа доколку не и се допаѓате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби