Работи кои покажуваат дека имате висока емоционална интелигенција

Способноста за разбирање и реагирање на емоциите психолозите ја нарекуваат емоционална интелигенција, а некои стручњаци дури и сугерираат дека е многу поважна од самиот коефициент на интелигенција.

Според последното истражувањe кое го пренесува BrightSide, постојат 15 знаци кои упатуваат на тоа  дали некоја личност е емоционално интелигентна или не. Кои се тие?



Имате добар „емоционален вокабулар“

Што повеќе користите поконкретни зборови за да ги опишете вашите емоции, тоа подобро го разбирате она што го чувствувате и причините поради кои така се чувствувате.

Сакате да знаете што повеќе за луѓето кои не ги познавате

Емоционално интелигентните луѓе се љубопитни. Всушност, луѓето кои поставуваат многу прашања се почувствителни за потребите на другите луѓе.

Не се плашете од промените

Една од одликите на емоционално интелигентните е способноста на прилагодување на промените и тоа брзо.

Ги знаете своите силни и слаби страни

Знаете во што сте добри, а во што не и да ги изберете карактеристиките кои ќе придонесат за вашиот успех.

Ги разбирате другите

Луѓето со висока емоционална интелигенција секогаш разбираат што чувствуваат другите и за што размислуваат.

Тешко е некој да ве навреди

Способноста за позитивни реакции во негативни ситуации е една од најдобрите одлики ако имате висока емоционална интелигенција.

Умеете да се контролирате

Можете да ги задржите своите мисли за себе, со цел да ја избегнете караницата и не сте склони кон импулсивни реакции.



Не се плашите од грешки

Не плачете на своите грешки и не ги сметате за негативни, туку за прилики нешто да научите.

Давате, а не очекувате ништо за возврат

Ги почитувате силните врски и се трудите со своите дела да ги направите среќни останатите луѓе.

Избегнувате негативни личности

Умеете да ја контролирате својата интеракција со луѓето кои имаат тежок карактер и никако не дозволувате некој да ве извади од колосек.

Не барате совршенство

Не поставувате свои цели на ниво на совршенство, бидејќи знаете дека тоа не постои. Сепак, не отстапувате од истите ако нешто тргне на лошо.

Го цените она што го имате

Благодарни сте на сè што имате и поседувате.

Знаете како да се опуштите

Ако мислите дека константна работа е патот кон успехот, се лажете. Понекогаш многу е важно и да се одморите.

Го ограничувате внесувањето на кофеинот и имате добар сон

Знаете колку е важен сонот за секојдневно функционирање, но исто така и не ја зголемувате дозата на кофеин, туку консумирате колку што е нормално.

На никој не му дозволувате да ви го расипе денот

Ако направите нешто добро, не дозволувате на никој да ви го уништи уживањето во успехот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби