УМИРАМ ДА БИДАМ СВОЈА

Совети за живот без каење од жената која ја измами смртта

Анита Морџани го направи она што за многумина изгледа како приказна од научно -фантастичен филм. По дијагностициран рак во финална фаза и буквално на смртна посетела, таа доживеала неверојатно закрепнување.

Нејзината книга „Умирам да бидам своја“ стана бестселер, по што Морџани го пропатува светот сакајќи на што повеќе луѓе да им ја открие суштината на животот.

Според неа постојат 3 митови кои ве спречуваат да го живеете животот во потполност.

Мит 1 – себично е да се сакаш себе си. Но, што се случува кога не се сакаме? Се чувствуваме несакано, безвредно, тажно и бараме потврда за својата вредност од другите луѓе. Сепак, кога се сакаме себе си, сфаќаме дека не ни е потребна потврда од никого за да бидеме свои. Кога го живееме животот со цел потенцијал, стануваме личност околу која луѓето сакаат да бидат, наместо личност која има дупка која треба да биде пополнета од другите.

Мит 2 – безусловното сакање на луѓето значи дека може да ве третираат како сакаат. Сосема погрешен став. Може да ги сакате луѓето безусловно, но претходно мора да научите како да се сакате себе си безусловно. На тој начин ќе знаете да почитувате и да не го правите она што не би сакале да ви го прават, а воедно и да заминете од секоја врска во која сфаќате дека нема да бидете среќни.

Мит 3 – да се биде религиозен значи да се заборави на егото и на материјалните нешта. Сепак, Морџани вели дека сè додека имаме физичко тело, треба да уживаме во сè што ни нуди животот, наместо да се откажуваме од нештата. Пресериозното сфаќање на животот само ќе нè оневозможи да ја почувствуваме сета негова магија.

После својата блиска средба со смртта, Анита има неколку совети кои што сака да ги сподели со светот.

  • Го привлекуваш она од што се плашиш
  • Ако сте болни, не и се опирајте на болеста. Прифатете ја. И покрај неа сакајте се. Само ако му пристапите на здравјето со љубов, може да го надминете стравот.
  • Кога сте болни, телото ви дава некаква порака. Работете на тоа да ја откриете пораката.
  • Сè доаѓа од внатре
  • Прашајте се „Што ме прави среќен/среќна?“ И правете повеќе од тоа
  • Сакајте се безрезервно
  • Престанете да си судите себе си
  • Единственото нешто што ве ограничува се вашите убедувања
  • Бидете сам свој гуру. Одговорите на сите прашања се наоѓаат во вас.
  • Најдобриот начин да излезете од состојбата на страв е да направите нешто што ќе ве доведе во состојба на среќа. Пронајдете нешто што целосно ја менува вашата состојба, било да е тоа музика, прошетка во природа, медитација....
  • Фокусирајте се повеќе на чувствата отколку на мислите. Секојдневните обврски базирајте ги на тоа што ве прави да се чувствувате среќно, отколку на тоа што мислите дека треба да го правите или што другите луѓе мислат дека треба да го правите.
  • Не дозволувајте стравот од неуспех и разочарување на другите луѓе да ви го диктира животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби