Познатите чизми-чорапи од Yeezy колекцијата на Каније Вест се едни од омилените на Кајли Џенер, а воедно и на сите жени од семејството Кардашијан.
Таа поседува неколку пара во различни бои кои одлично се вклопуваат во нејзиниот стил. Сепак, за да купите едни вакви чизми ќе треба да одвоите повеќе од 800 долари.
Една корисничка на Instagram ја употреби својата фантазија, па со користење на лепило, високи потпетици и чорапи успеа да создаде своја верзија на познатите чизми.
Нејзиниот проект за кратко стана вирален по што жените започнаа да ја создаваат својата верзија на чизмите на Кајли.
Доколку се решите да се вклучите во овој „Направи сам“ проект имајте на ум неколу нешта:
- држете се до бои како црна, крем и маслинесто зелена
-во никој случај не користете чорапи со дупки