10 нешта што ќе ги научиш од врските со погрешни мажи

Што би рекле Американците „been there, done that“. На секоја жена и се случило да биде во врска со тотален кретен и да мисли дека тоа е тоа, љубовта на нејзиниот живот, со кој ќе создаде семејство и ќе живее просечно до крајот на својот живот.

Понекогаш лошото искуство не завршува само со една врска, туку преминува и во наредната, па постојано имате чувство дека налетувате на погрешни луѓе. Сепак, добрата страна на целата ситуација е во тоа што искуството што го носат овие врски, ќе ве научи нешто повеќе за себе и за тоа што треба да си допуштате, а што не, доколку сакате да бидете среќни и исполнети.

Не бркај некој кој не те брка тебе – во суштина не треба да си играте брканица со било кој маж. Ако постои интерес од двете страни, тогаш вреди да се потрудите да ја одржите врската, но ако вие сте единствените кои вложувате во тоа таа да опстане, време е да прекинете со тоа.

Мое време – твое време – компромисот е мошне важна карактеристика на една врска. Ако досега сте завршувале со погрешни мажи, најверојатно сте научиле дека не треба да правите радикални промени во своите планови само за да го задоволите партнерот, кога гледате дека тој не го прави истото за вас.

Не спојувате нешта кои не се спојуваат – не ви се допаѓаат милион нешта во неговиот карактер, но постојано си велите дека ќе се смени? Грешка! Тој е токму таков каков што сте го запознале, не живејте го својот живот врз илузии и сопствени желби.

Не играте со целиот шпил карти – прво и најважно е да го заштитите своето срце. Токму затоа нема ништо страшно во тоа на почетокот да бидете порезервирани во однос на мажите кои влегуваат во вашиот живот.

Врски без суштина – повеќето жени се плашат да бидат сами, па затоа завршуваат во врска со мажи кои воопшто не им одговараат. Спознајте се себе си. Понекогаш е подобро да си сам, отколку во лошо друштво.

Не се расфрлате со „втора шанса“ – секој човек заслужува можност да ви покаже дека погрешил, но треба точно да знаете кога е време да се даде шанса, а кога да се пресече, за да не завршите во магичен круг на повторувања.

Проблемите остануваат проблеми – ако врската уште во почетокот била проблематична, со текот на времето нема да се подобри, туку сосема напротив, ќе се влоши.

„Не е за тебе“ – кога имате искуство со лоши врски посериозно ги сфаќате забелешките од пријателите и семејството кога ќе ви посочат дека дечкото не е вас, затоа што тие често гледаат нешто што вие поради вашата вљубеност не можете да го забележите.

Ништо без емоции – досега сигурно сте научиле дека колку и да се трудите не можете да одите во спротивност со емоциите. Ако немате некое посебно чувство за мажот, после некое време ќе сфатите дека ви е сеедно дали сте во врска со него или не.

Секогаш знаеш дали „тоа“ е „тоа“ – кога ќе налеташ на вистинскиот, едноставно знаеш. Сите коцки се на едно место и нема чувство на сомнеж и нетрпеливост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби