НАЧИНОТ НА КОЈ СЕ СМЕЕ И СЕ ПОЗДРАВУВА

Мали работи кои откриваат многу за една личност

Однесувањето и манирите може многу да откријат за една личност, дури и многу повеќе од што мислиме. Со цел да ви стане појасно, погледнете ги следните однесувања на една личност и ќе заклучите каква е. Нареден пат, набљудувајте повеќе.

Начинот на кој се смеат и ги изразуваат своите емоции



Кога некој искрено се смее, се појавуваат брчки околу усните и очите. Кога смеата е на сила, брчките се појавуваат само околу усните. Кога некој е совладан од силни емоции, неговите очи се насолзуваат и личноста голта повеќе плунка. Ако не забележувате такви одлики, тогаш чувствата не се толку искрени како што мислите.

Начинот на кој се поздравуваат



Силно држење на шаката покажува дека личноста сака јасно да ги искажува чувствата. Ако некој ја става раката на вашето рамо кога се поздравувате, тоа значи дека или навистина му се допаѓате или пак таа личност е голем манипулатор. Ако ви ја допрат раката со двете негови раце, тогаш личноста има некој предлог за вас или некоја порака која треба да ви ја пренесе.

Колку често го проверуваат мобилниот телефон



Колку почесто личноста го проверува телефонот, отвора пораки или социјални мрежи, тогаш поголема е веројатноста да се чувствуваат депримирано и да бара некој вид на внатрешна стимулација.

Начинот на кој прават селфи фотографии



Луѓето кои го држат телефонот при правење на селфи фотографија имаат позитивен поглед кон она што се случува околу нив. Оние пак кои се многу сериозни, многу поретко им дозволуваат на другите да им покажат што всушност се случува со нив и често прават фотографии кои не откриваат многу за нив. Опсесијата пак со познатата „фаца на патка“ покажува дека личноста пати од претерано количество на нервозна тензија.

Како се однесуваат на трпезата



Луѓето кои сè што имаат во чинијата го сечат на ситни парчиња имаат тенденција кон долга врска и се трудат да го живеат животот според нивен план. Оние пак кои што мешаат сè, имаат многу силен карактер и се многу одговорни. Оние кои брзо јадат, се одлични мултитаскери, кои имаат огромна почит од колегите на работа за нивната исцрпност и почитување на роковите. Луѓето пак кои јадат бавно живеат во моментот и знаат како да уживаат во својот живот.

Темите на кои разговараат



Ако личноста многу често ја употребува именката „јас“ кога раскажува приказна, значи дека приказната е вистина, но и покажува дека е сконцентриран на себе. Од друга страна пак ако го употребува зборот „ние“ покажува дека има силен социјален живот. Интересен е фактот што колку луѓето стареат, толку поретко употребуваат глаголи во минато време, а почесто во идно време.

Начинот на кој јадат пуканки



Едно истражување покажало дека повлечените луѓе јадат една по една пуканка одделно, додека пак друштвените личности јадат полна рака со пуканки. Оние кои брзо јадат цела порција пуканки се помалку сконцентрирани на себе и повеќе ги ценат интересите на другите отколку своите.

Какво кафе преферираат



Еспресо преферираат лидерите, додека оние кои ги следат преферираат дупло еспресо. Оние кои сакаат кафе со млеко често имаат потешкотии при донесувањето на некоја одлука. Луѓето кои се многу друштвени и креативни обично пијат капучино, а оние авантуристите сакаат фрапучино. Црното кафе го сакаат оние кои имаат принципи во животот и не отскокнуваат од нив. Оние кои додаваат шеќер и млеко (крем) во кафето сакаат да истражуваат нови искуства во животот.

Насоката кон која гледаат додека пијат



Луѓето кои гледаат во длабочината на својата шолја повеќе мислат и се фокусираат. Оние кои гледаат над чашата додека пијат се почувствителни од влијанието на другите, но се посвесни за светот околу нив. Ако личноста ги затвора очите кога пие, можеби поминува низ некоја болка или непријатност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби