Оваа година, најголемата модна куќа за долна облека Victoria’s Secret ја затвора 2016 година со спектакуларна ревија во Париз, која ќе се одржи наредната недела.
На социјалните мрежи веќе можевме да видиме дека ангелите пристигнаа во Париз, каде што ќе се подготвуваат заедно.
Токму за оваа ревија има долги подготовки, пред се од изработка на моделите, па се до изгледот на манекенките и нивното прикажување на сцена. За да ни откријат нешто повеќе, Victoria’s Secret реши да сподели неколку фотографии од одредени модели.
Џезмин Токенс ќе го носи овогодинешниот Fantasy Bra
Градникот е дизјаниран од Еди Борго и чини 3 милиони долари. Составен е од 9.000 скапоцени камења, дијаманти и смарагди.
Џозефин Скривер ќе го носи градникот Swarovski
Алесандра Амброзио
Адриана Лима
Стела Максвел
Роми Стријд
Сара Сампајо
Тејлор Хил
Лили Алдриџ
Лаис Рибеиро
Марта Хант
Елса Хоск
Како што може да забележите, моделите и оваа година ќе ги носат препознатливите крила според долната облека. Сепак, темите се уште не се откриени, па затоа останува 5 декември да откриеме на самото шоу.