Направете бренд од своето име: 5 совети кои мора да ги следите

Во денешно време сè се врти околу парите, па често луѓето од своето име прават бренд и со тоа заработуваат милионски суми. Најдобар пример за тоа се Ким Кардашијан, Опра Винфри, Томи Хилфигер и многу други. Сигурно си велите дека нема шанси да постигнете нешто како нив, но и тие почнале од мали чекори за да го постигнат она што се денес. За почеток, прочитајте ги следните совети и потрудете се да ги практикувате.



Вашиот начин на живот и производот се едно исто

Што порано го сфатите ова, толку полесно ќе ви биде да ги исполните своите цели. Подгответе се константно да сте изложени во јавноста. Никој не купува облека Томи Хилфигер, затоа што сака така да изгледа, туку поради тоа што е воодушевен од идејата да може да живее како него, односно со купувањето на негова облека создава илузија дека може да го доживее стандардот во кој Томи ужива. Па така и Опра нема магична моќ секоја книга да ја направи најпопуларна, а Ким секоја линија да ја направи попривлечна. Она што го продаваат се всушност нивните начини на живот, а облеката и книгите се само прашање на вкус.

Станете експерт во вашата област

Денешниот онлајн свет тоа ќе ви го олесни, особено ако го користете интернетот за да се изрекламирате себе или производот кој го нудите. Не мора да сте најдобри во светот, но започнете го патот кон успехот така што ќе станете препознатливи како стручњак во вашата област, а за тоа ви е потребна добра реклама која ќе го промовира вашиот квалитет.



Бидете автентични

Мора да бидете она што сте! Ако сакате да бидете некој друг, тогаш глумете, но многу убедливо! Ова не значи дека треба да тежнеете кон тоа секогаш да изгледате најсреќно или најдобро, бидејќи тоа може да изгледа и многу лажно. Ова значи дека секогаш треба да сте чекор пред конкуренцијата, да гледате како се рекламираат и каде вложуваат пари, со цел да сфатите на кој начин треба да реагирате.

Бидете доследно упорни и упорно доследни

За да се докажете во денешниот свет, каде што сите се поврзани преку интернетот, под константно бомбардирање со информации, мора да сте доследни на пораките кои ги испраќате. Комбинирајте различни методи на рекламирање и погледнете кои даваат најдобри резултати. Ако сте доследни на своите пораки, публиката која сакате да ја придобиете ќе почне да го препознава тоа и вашиот производ ќе почнат да го купуваат.

Важно е да излезете надвор

Во секоја смисла и онлајн и во јавност и во медиумите и физички да сте присутни на многу настани, па дури и оние надвор од вашата „комфор зона“. Само така ќе успеете!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби