Што треба да знае секоја мајка која воспитува ќерка?

Кариса Анцел е позната блогерка, која што често пишува блогови поврзани со семејниот живот. Овој пат, таа реши да напише блог за тоа што треба да знаат мајките кои имаат ќерки.

- Одгледувањето ќерки е тешка работа. Добро, одгледувањето деца е тешка работа, но јас имам само ќерка и за мене одгледувањето деца, значи гледање ќерка. Ќерка ми има 8 години, па почнувам да ја подготвувам за тинејџерските години. Тоа е многу страшно, бидејќи како родители, сакаме да ги заштитиме. Па поради тоа решив и со вас да споделам 12 работи кои што мислам дека мајките треба да ги знаат за воспитувањето ќерка.

Вашите шминки се и нејзини шминки

Мојата ќерка многу сака да се шминка. Со тек на време треба да ја научам да става помалку шминка, но сега е само од забава.

Разговорот за менструалниот циклус е непријатен и чуден, но е многу важен

Сакам да е подготвена кога ќе дојде тоа и кај неа. Моја работа е да сум отворена за женското тело и кои промени му се случуваат. Таа треба да чувствува комфорност да зборува со некој за тоа, а тој некој мора да сум јас.

Светот ќе се потруди да направи тие да пораснат побрзо

Ваша работа е да ги чувате како девојчиња што е можно подолг период. Ќерка ми носи соодветна облека и нема мобилен телефон, а на мене останува да поставувам граници.

Охрабрете ја и поддржете ја врската со татко ѝ

Вие и требате како мајка, но исто така ѝ треба и татко ѝ, бидејќи таа врска е посебна.



Научете ги за вредноста на штедењето

Па да се надеваме дека еден ден нема да зависат од некого и финансиски ќе се грижат самите за себе.

Внимавајте како зборувате за вашето тело пред нив

Треба да сте пример за тоа како жените се чувствуваат во своето тело. Зборувајте љубезно за себе пред нив. Исто така, јас се обидувам да избегнувам да зборувам негативно за себе или за покачената телесна тежина. На 8 години, веќе е свесна за тоа дека постојат различни тела, а јас се обидувам да и покажувам дека нејзиното тело има добра тежина и висина.

Заштитете ги, но научете ги како да се грижат за себе

На светот му требаат повеќе силни жени. Ќерка ми знае дека секогаш ќе ја чувам, но прво мора самата да направи неколку обиди за да си го реши проблемот, а потоа ако не може, јас да ѝ помогнам.

Давајте и комплименти на ќерка ви за различни работи, а не само за убавината

Мора да знае дека има повеќе убавина внатре во неа, отколку во нејзиниот изглед. Па кажувајте ѝ дека е паметна, забавна или љубезна, односно давајте ѝ комплименти кои што нема да исчезнат со тек на време.

Поставете граници во животот за тоа како луѓето ќе се однесуваат кон вас

На овој начин, таа може да ве гледа и да го учи истото од вас. Ние сме им најголемите учители и учат многу повеќе од она што ние го правиме отколку од она што ние им го зборуваме. Па, ако сте силни и ако барате од другите да се однесуваат кон вас добро, постојат поголеми шанси дека таа ќе израсне и ќе го прави истото.

Следете ги вашите соништа и пасии

Поставете ѝ пример дека она што сакате да го правите е важно, со цел и таа да верува во своите соништа и пасии. Поради тоа ги споделувам со неа моите цели и постигнувања како блогерка, за да знае дека јас имам цели и работи кои што ги правам и на кои сум горда.

Научете ја да се однесува паметно кога се наоѓа во машко друштво

Довербата во вашите инстинкти е многу важна, за кога ќе се соочите со некои работи да верувате во нив и да ги цените истите. А ова кога ќе и го објасните на вашата ќерка, со тек на време и таа ќе знае што да направи и која одлука да ја донесе.

Помогнете им да сфатат дека нивното тело треба да се цени и кон него да се однесуваат со почит

Ова ќе им го покажете ако кон вашето тело се однесувате со почит. Имајте отворени и искрени разговори за врските. За како треба, а како не треба да изгледа една врска, а особено како едно момче треба да се однесува кон нив и кон нивното тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби