Дали знаете да препознаете насилен љубовен однос?

Без разлика дали поминувате низ тежок период со својот партнер или пак знаете некоја пријателка која што е во лоши партнерски односи никогаш не смеете да си дозволите да премолчите за тоа. Иако станува збор за деликатна и приватна тема, сепак насилството во партнерските односи не е и не смее да биде нешто што треба да се игнорира.

Вообичаено кога велиме насилство мислиме на физичко насилство, но во суштина многумина од нас не знаат да направат разлика меѓу дозволено и недозволено однесување во меѓупартнерските односи.

Понекогаш она што мислиме дека е навидум безопасно праќа сосема поинаква порака и открива проблем што има подлабоки корени.

Како да го препознаете проблемот?

Закани и принудување - ви се заканува дека ќе ве повреди како вас така и вашите најблиски, се заканува дека ќе си го одземе животот доколку го оставите, ве уценува дека ќе ги објави вашите приватни фотографии)

Економско малтретирање - ви забранува да најдете работа, ве држи финансиски зависни, бара оправдување за парите што ги трошите, ви ги зема парите што сте ги заработиле

Заплашување – ви покажува оружје, крши околу вас, вика

Психолошко и емотивно малтретирање – ве игнорира, ве понижува, ве исмева, ве критикува, ве убедува дека сте луди

Изолација – контролира со кого и кога се гледате, ви го проверува телефонот, ви превртува по работите и ја користи љубомората за да ги оправда своите постапки

Обвинување – ви вели дека самите сте виновни за она што ви се случува, ја префрла одговорноста на вас или се оправдува со тоа дека бил под дејство на алкохол или пак едноставно бил нервозен.

Искористување на децата - ги користи децата за пренесување на пораки, ве навредува пред нив, ги подржува кога не ве почитуваат, ви се заканува дека ќе ви ги одземе

Машки привилегии – тој е оној кој ги донесува важните одлуки, ве потсетува дека вие сте САМО жена и затоа треба да правите што ќе ви се каже, а не што сакате, ви сугерира дека облеката не ви е соодветна и очекува да имате секс секогаш кога тој сака.

Како да го решите проблемот?

Доколку се пронајдете во некоја од наведените категории или пак пронајдете некој што го знаете, првото нешто што треба да го направите е да признаете дека постои проблем.

Престанете да живеете во илузијата дека насилниот партнер еден ден ќе се промени и ќе стане личност која што може да ја сакате. Наместо тоа изнајдете начин да го прекинете маѓепсаниот круг и да излезете од нездравата врска.

Никој не заслужува да биде третиран на тој начин, па затоа е неопходно да побарате помош од најблиските, некоја женска организација или пак од институциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби