Сензуалната Северина плени воздишки во новиот календар на „Пелистерка“

Секој ден во текот на следната година може да почнува со Северина, најголемата балканска поп-ѕвезда, која како заштитно лице на „Пелистерка“ во следниве две години, е ѕвездата на календарот на најпознатиот македонски бренд за вода за 2017 година.

Пелистерка денеска го промовираше седмиот календар на компанијата, кој изминативе години стана нивниот заштитен знак, нетрпеливо очекуван секој декември. Неколку дневното снимање за годинешниот календар се одвиваше во Загреб и во неговото создавање учествуваше 25 члена екипа од Македонија, Хрватска и Словенија.

Дванаесет беспрекорни фотографии на Северина, подигната од меурчињата на газираната Пелистерка, кои даваат посебен шарм, на навидум секојдневните активности. Играјќи со дуализмот на силните бои, секоја страница од календарот нуди свеж пристап во поп арт стилот и навестува период на нови, визуелни изненадувања.

„Пелистерка“ и Северина планираат реализизација на уште неколку големи проекти за промоција на брендот на македонскиот, но и на пазарите во регионот. На популарната пејачка ова ѝ е прва соработка со компанија од Македонија.

- Ми претставува голема чест што врвна компанија како „Пелистерка“ ме избра за свое заштитно лице, а особено затоа што сум една од привилегираните жени кои се најдоа на страниците на календарот. Навистина уживав во целиот процес на негова подготовка бидејќи го водеше врвен тим на професионалци. Ова беше малку поинакво снимање, кое бараше сериозно планирање, но и физичка издржливост. Драго ми е дека „Пелистерка“ ми отвори можност да се испробам во поинакво светло, во улоги кои, во најмала рака, бараа и каскадерска умешност. Задоволна сум од финалниот производ, мислам дека е вистински уметнички и софистициран производ, што комплетно одговара со имиџот на компанијата. Со „Пелистерка“ имаме големи планови за следниот период, за кои немам дилема дека ќе предизвикаат интерес во јавноста – изјави Северина на промоцијата на календарот.

Концептот за годинешниот календар го подготви маркетинг агенцијата „Њу Момент“, уметнички директор е Никола Војнов, продуценти се Тања Панделеска и Филип Димитров, а фотографиите се на Јелена Балиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби