БИДЕТЕ ВО ТРЕНД

Кои модни трендови нѐ очекуваат во 2017, а кои од 2016 ќе ги заборавиме?

Со крајот на годината едно модно поглавје се затвора, а друго се отвара. Изминатата 2016 година, беше една од најдобрите години за стрит стајл модата, а изгледа дека и идната година ќе продолжат да се развиваат тие трендови. На некои е време да им кажеме довидување, а други да ги пречекаме.

Модни трендови со кои ќе се збогуваме

Корсети



Ова парче облека беше голема појава уште на почетокот на 2000-те години. Ги гледавме и на црвениот тепих и во медиумите. Но, изгледа дека доста ни е од нив.

Тесни фармерки



Веќе сѐ повеќе се застапени широките модели на фармерки, а оние тесните полека но сигурно си заминуваат од модниот свет.

Слатко и романтично



Следната година ќе дојде до реинтерпретација на овој стил. Нема да се носат романтични парчиња облека, туку ќе се наметнува оној стил за кој не е потребно премногу размислување.

Потпетици над 10см



Високите потпетици полека, но сигурно стануваат застарени модели и сѐ повеќе се изработуваат штикли и чизми со пониски пети.

Класични патики



Ако имате бели класични патики, време е да ги заборавите. Веќе нема да бидат во мода.

Модни трендови кои ќе ги пречекаме во 2017 година

Дезен со линии



Овој тренд едноставно не старее. Постојано е во мода, а веќе може да го видиме и на различни маици, џемпери, јакни, па дури и панталони. Ако до сега не сте го носеле, слободно посегнете по некое парче со овој дезен.

Живописни патики



Да, кажавме дека обичните и класични патики веќе се досадни, па време е да им дадете шанса на оние шарените. Купете црвени, зелени, жолти, сини.. какви и да земете, нема да погрешите.

Принтови инспирирани од уметноста



Модните писти се исполнети со принтови инспирирани од уметниците. Бидете во мода и набавете си едно вакво парче.

Едноставна елеганција



Овој тренд е отсекогаш присутен и е многу ценет меѓу тренд-сетерките. Акцентот ќе биде врз спортската облека во комбинација со некои едноставни парчиња облека.

Чевли mule



Овие чевли ги носеле нашите мајки и баби, а сега повторно се во мода. Потпетиците кои изгледаат како кломпи на штикла, на големо почнаа да се произведуваат. Бидете во тренд и набавете си еден пар за пролет и лето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби