НАУЧЕТЕ ГИ НА ОДРЕДЕНИ ВЕШТИНИ

Воспитајте ги децата да бидат успешни кога ќе пораснат

Секој родител, сака неговото дете да биде среќно и успешно кога ќе порасне. Поради тоа, родителите постојано се трудат да ги праќаат на разни курсеви, часови и да ги надградуваат интересите кои ги покажува детето. Но, дали тоа е доволно за вашето дете еден ден да стане успешно?

Потребно е токму вие како родители, да го научите на одредени вештини, кои ќе го насочат кон вистинскиот пат.

Способност да се истакне



Ова е една од најважните способности во денешниот модерен свет и мора да му ја „наметнете“ на детето уште од најмала возраст, бидејќи нема да сте секогаш до него да му помогнете. За да го направите тоа, мора да му дадете до знаење на детето дека и неговото мислење е битно. Децата треба да знаат дека ги слушате и ги разбирате, па покажете интерес при заедничките разговори. Подобро користете зборови за одобрување, отколку саркастични, бидејќи токму тие одговори го збунуваат детето.

Концентрација

Децата преферираат да се фокусираат на она што ги интересира во тој момент, па обидете се да им држете лекции на корисен, но интересен начин за нив. На пример, кога го учите како да пишува, побарајте од нив да пишуваат зборови на табла, на тротоар со креда или со пластелин. Не заборавајте дека примерот кој што вие им го давате е најдобриот пример, па давајте му го целосното внимание на вашето дете. Исто така, може да ја тренирате неговата концентрација преку различни игри, цртање или загатки. Може и да ги замолите да обрнуваат повеќе внимание на интересни детали додека одат на прошетка, како што се знаците, автомобилите, различните форми, бои и текстури.

Независност



Колку порано вашето дете ќе почне да прави работи самостојно, толку посамоуверено ќе биде во иднина. Исто така, полесно ќе им биде да се носат со училиштето и со другите обврски, кои ќе ги среќаваат како што растат. Оставете го самото да се облекува, да си ги врзува врвките од патиките, да си ги средува играчките и да го избришат нередот што ќе го направат. Не го карајте за грешките. Бидете трпеливи и не заборавајте да ги пофалите од време на време.

Да знае странски јазици

Познавањето на барем еден странски јазик ќе му овозможи на вашето дете придобивки во неговата идна кариера и ќе му помогне да си ги прошири културните хоризонти.

Тимски играч



Неопходно е да му објасните на детето уште додека е мало, дека постојат одредени правила во општеството (на игралиште, во градинка, на училиште) и ако ги следи тие правила, може да изгради добри односи со другите. Едно правило е способноста да соработува како тимски играч. Кога го учите детето да работи во тим, никогаш не треба да го споредувате со другите деца, бидејќи ќе стане агресивен. Може да ја истакнувате важноста на секое дете и да го пофалите секое дете, откако ќе ја завршат заедно работата.

Само-организираност

Оваа вештина ќе му помогне на детето да ги постигне неговите цели, која несомнено ќе му биде корисна во тинејџерството. Основата во само-организацијата лежи во секојдневниот распоред кој треба да го испланирате со вашето дете, при што постепено ќе ја намалувате вашата вмешаност во тоа планирање, како што детето расте. Неопходно е да поставите рамнотежа меѓу обврските на детето и неговото слободно време. Детето треба да има доволно време за играње, хобија и други посакувани активности. Сепак, тоа треба да се овозможи по завршувањето на обврските.

Тивко однесување кон неуспехот



Начинот на кој вашите деца се однесуваат кон победите и неуспесите го оформува самопочитувањето и ја дефинира врската со другите. Треба да обратете внимание на начинот на кој играат децата: некој губи, го истура бесот и родителите го носат детето дома. Овој начин на однесување има негативно влијание врз способноста детето да се соочи со тешкотиите во животот и го забавува развојот на силните страни во нивниот карактер. Фалете ги вашите деца за секој успех, но не ги игнорирајте неуспесите. Обидете се да дискутирате за нив и пронајдете ги причините, бидејќи токму ова е клуч на идните победи. Не им забранувајте на децата да си ги искажат емоциите, се додека тоа не им смета на други луѓе.

И она што е најважно, покажете им на децата дека ги сакате и дека им верувате без разлика на сè.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби