НАУЧЕТЕ КАКО ТРЕБА

Што треба да поседува една жена за да стане сон за секој маж?

Жената, која е сон за секој маж, успева секојдневно да внесе ведрина, секогаш е весела и подготвена за акција. Никогаш не доцни, плени со убавина и позитивна енергија.. Каде и да се појави, сите се вртат по неа, а кога ќе отвори уста секогаш зборува паметни работи. Секоја жена и се восхитува и сака да стане како неа. Погледнете кои седум вештини ги поседува оваа жена и почнете од нив, а потоа полека усовршувајте се.



Оставајте го вашиот партнер да биде свој

Ја поседувате целата моќ која ви е потребна за да дојдете до исполнување на личните и професионалните цели во животот. Иако ова ви помага да ги држите сите конци во рака, мажот нема да биде одушевен ако очекувате дека ќе го контролирате и неговиот живот. Тој има свои чувства, мислења, успеси и живот, кој е надвор од вашиот домен. И нему му е потребна поголема слобода за да дојде до изразување.

Немојте да му наредувате, има и тој право на глас, како и желба да биде сослушан. Мора да прифатите некои негови сфаќања, дури и ако се разликуваат од вашите. Врската се заснова на заемно почитување.

Затоа, на момент тргнете го вашиот распоред на страна и препуштете си возбуда, добро ќе ви дојде.

Оставете го тој да води

Би требало да бидете внимателни околу оваа тема. Многу лесно може да го доведете вашиот партнер во ситуација да помисли дека не е доволно маж и дека не може да ви одговара. Тоа ќе ја убие неговата самодоверба. Дајте му шанса да се докаже и да се почувствува како ваш заштитник и некој кој ви е потребен во секој момент.

Не ги решавајте неговите проблеми, служете му како поддршка

Да, сигурно на многумина може да им ги решите проблемите. Сепак, кога се работи за партнерот, почекајте прво тој да побара совет од вас, па потоа кажете го решението. Научете да слушате и да ќутите, бидејќи некогаш само слушањето може да му е потребно.

Не се однесувајте како да сте му мајка или шефица

Тој не е со вас за цело време да му поставувате различни прашања. Со вас е бидејќи сака заедно да поминувате низ различни работи, меѓусебно да се разбирате и да бидете на некој начин партнери. Вие сте на исто ниво, сфатете го тоа. Вашата врска треба да содржи гледање и од двете страни. Важно е да побарате помош еден од друг, да пронајдете „рамо за плачење“ кога тоа е потребно и да се поддржувате.

Во суштина, сè се сведува на пронаоѓање рамнотежа меѓу двајца, кои чекорат еден покрај друг, а не еден пред друг.

Имате свои пари и не зависите од него

Дури и ако заработувате повеќе од него, немојте да дозволите тој да се почувствува помалку вреден и бескорисен. Тоа не му се допаѓа на ниту еден маж. Вашата љубов не е одраз на вашите приходи.

Љубовта е непроценлива, затоа не го затрупувајте со подароци, дури и ако тоа го правите со најдобри намери и со повод. Тоа ќе го омаловажи како маж.

Прославувајте го секој негов успех, без разлика дали е голем или мал

Дали неговиот тим победил во кошарка или добил бонус на работа – не е важно. Важно е да му дадете до знаење дека тоа е голем успех и дека вие ќе го обележите на вистински начин. И неговите достигнувања се важни колку и вашите, не го заборавајте тоа. Животот го сочинуваат малите работи.

Потрудете се да комуницирате со него

Без разлика дали се во прашање пораки или јавувања, битно е да го ускладите ритамот и да се разбирате. Немојте да го бомбардирате со пораки и неважни информации. Вашата комуникација треба да тече природно и без тензии. Работите на тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби