Бидете подобар партнер оваа година

За една успешна врска е потребно многу повеќе од тоа да бидете вљубени еден во друг. Со самото тоа што ја испративме старата година, се поттикнуваме да станеме подобри, зошто да не бидеме подобри и односот со партнерот?

Бидете повеќе трпеливи



Се додека еден од вас може да се носи добро со тензична ситуација, нема да имате многу стресови. Тешко е да се контролирате, но верувајте дека токму таа контрола ќе ве спаси од повеќе нервози. Исто така, многу е важно да имате поголемо трпение за да го добиете она што го сакате.

Предлагајте повеќе идеи и планови



Немојте да не правите ништо и да се сведете на рутина. Предлагајте различни идеи и планови за состаноци со вашиот партнер. На овој начин ќе го вратите жарот меѓу  двајцата.

Прашајте го дали може да го направите посреќен



Вашиот партнер ќе го цени фактот дека сте загрижени за неговите потреби. Може да откриете што е она што го прави среќен и да се трудите тоа почесто да го правите.

Бидете отворени



Бидете повеќе отворени за нови нешта, без разлика дали се работи за некој нов жанр на музика или нова поза во кревет. Откако ќе ги искусите ќе видите дали ви се допаѓаат или не, а може да откриете и некој скриен интерес.

Искажувајте повеќе чувства



Ако сте подолго време со партнерот, природно е да не покажувате многу чувства. Но, факт е дека треба почесто да ги споделувате вашите чувства и да ги искажувате на различни начини.

Бидете нивниот најголем охрабрувач



Дури и најмалите победи се вредни за да се прослават. На тој начин покажувате дека го поддржувате партнерот за што и да е. Охрабрете ги да се стремат кон своите цели и покажувајте им дека ќе бидете со нив до крајот на патувањето.

Зборувајте помалку за себе, а слушајте повеќе за нив



Отстапете му место на вашиот партнер и слушнете што има да ви каже. Со ова ќе сфати дека се грижите за него и тука сте да му помогнете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби