Како реагира телото на бременоста во разни периоди од животот?

Во 20-тите години

Во овој период телото, според докторите, е најподготвено за бременост бидејќи е силно, способно и младо. Типичната бременост во 20-тите години од животот е најчесто со низок ризик, а го намалува ризикот од рак на градите или матката подоцна во животот. Забременувањето е исто така полесно бидејќи плодноста е на високо ниво, а ризикот од спонтан абортус е помал од 12%. Голем дел од жените во овие години продолжуваат да вежбаат и за време на бременоста, што е здраво за развитокот на бебето и за полесно опоравување и враќање на телото во првобитната состојба, по бременоста.

Психички, бременоста во овие години знае да е стресна бидејќи 20-тите се период кога се започнува напредокот во кариерата, финансиските заштеди (ако воопшто ги има) се мали, станбената состојба не е решена и воопшто, фактот што животот ќе се им смени од корен за некои жени не е лесно прифатлив.

Во поглед на бебето, шансите за неговите хромозоми да се развијат абнормално се малечки, што значи се намалува шансата за појавување на некое генетско пореметување како Дауновиот синдром.

Во 30-тите

Бременоста во 30-тите може да е многу слична како во 20-тите, и покрај тврдењата дека границата за здрава бременост е 35 години.

По 35-тата година, шансите за породување со царски рез се зголемуваат, како и стапката на неплодност и можноста за спонтан абортус, која изнесува 25% за оние помеѓу 35-40 годишна старост.

Психички, телото е многу поспремно за бременост, а во овие години обично и поддршката од социјалниот круг е поголема, бидејќи повеќе жени веќе ја имаат искусено бременоста.

По 35-тата година, ризикот бебето да има Даунов синдром е еднаков со оној за спонтан абортус.



Во 40-тите

Иако и во овие години здрава бременост е сосема возможна, таа е пожелно да биде постојано надгледувана од доктори. Тоа значи повеќе пренатални посети, чести снимања, и индуцирање на породувањето во 39-тата недела од бременоста, поради тоа што можноста од спонтан абортус во овие години изнесува 51%, и постојат големи шанси за добивање на висок крвен притисок, проблеми со плацентата, па дури и дијабетес.

Исто така, една од 5 жени во 40-тите години од животот има потешкотии со зачнување.

Психички, овој период може да биде исклучително емоционален. Од една страна, фактот што некој забременува во овие години значи дека тоа навистина го сакал (и можеби поминал низ години и години обидување за дете), но од друга годините си го прават своето и телото многу полесно се заморува и физички, но и психички.

Во овие години шансите за близнаци или тројки се зголемуваат, како шансите за хромозомни абнормалности



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби