Како може да се повредите дури и кога редовно вежбате?

Повеќето грешки кои се прават при вежбањето не се толку очигледни, а почетниците не се единствените кои ги прават – тоа често им се случува и на искусните вежбачи. Еве кои грешки, според неколку светски физиотерапевти, се најчести причини за разни видови на повреди кај искусните вежбачи.

1) Избегнување на загревање

Една од полошите работи кои што можат да се направат при вежбањето е веднаш да се почне со дигање тежини, без претходно да се загреат мускулите, особено доколку тренингот се започне веднаш по работниот ден, кога мускулите се згрчени од 8 часовното седење. Поради тоа, пред почетокот на секој тренинг, задолжително загревајте се неколку минути.

2) Претерување со вежбање

Често пати искусните вежбачи откога ќе постигнат некој личен рекорд (дигање на одредена тежина и сл.), продолжуваат со додавање на сè поголеми тежини за да се мотивираат, мислејќи дека со тоа ќе постигнат побрзи резултати. Меѓутоа, на тој начин можат побргу да се развијат повреди. Тежината би требало да се зголемува секој пат кога ќе почувствувате дека онаа тежина со која вежбате ви е прелесна, но внимавајте телото полека да го адаптирате на новите предизвици – пред зголемување на тежината пробајте прво со зголемување на повторувањата со помалата тежина.

3) Вежбање во неправилна форма

Изведувањето на вежби со неправилна форма само за да се подигне поголема тежина е исклучително ризично и може да доведе до сериозни повреди, а често пати искусните вежбачи го прават токму тоа, за да „си докажат“ дека можат да дигаат повеќе. Доколку некоја вежба не сте сигурни како точно се изведува, подобро не ја вежбајте воопшто без присуство на тренер.

4) Вежбање и покрај тоа што има болка

Болката по вежбањето е вообичаена првите 1-2 дена, но ако продолжи и после тоа, можно е да се работи за повреда која бара третман. Искусните вежбачи некогаш го игнорираат тоа и вежбаат и покрај болката, со цел да ја исполнат зацртаната програма. Но, доколку повредата ескалира, наместо неколку дневната пауза која што требало да се направи, ќе биде потребна неколку неделна/месечна пауза (во најдобар случај).

5) Избегнување на денови за одмор

Колку што е важно вежбањето, подеднакво е важно и одмарањето од него, бидејќи на мускулите мора да им се даде време да се регенерираат и растат– а тоа го прават токму во периодите на одмарање. Честа грешка која полно вежбачи ја прават е тренирањето секој ден од неделата, без ниеден ден за одмор, бидејќи одмарањето го сметаат како непродуктивно, а и се чувствуваат мрзеливо. Напротив, овие денови воопшто не мора да се поминат во „излежување“ – тогаш може да се прават вежби со мал интензитет за истегнување и загревање на мускулите, како и лесно кардио (шетање и сл.)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби