Придобивки од вежбањето на отворено во зима

Тоа што надвор е студено не значи дека цела зима треба да ја поминете хибернирајќи на каучот. Вежбањето на отворено (се подразбира, на разумно ниски температури, не на -20°C) има одлични придобивки не само за вашето физичко, туку и ментално здравје.

1) Телото согорува повеќе калории

Вежбањето кога е студено го присилува телото да ја зголемува температурата, со што се троши повеќе енергија, притоа согорувајќи 10 до 40% повеќе калории во споредба со правење на истите вежби на „нормална“ температура во затворен простор.

2) Коските се зацврстуваат

Останувањето во затворен простор го лишува телото од сончева светлина, што како резултат го намалува производството на витаминот Д, кој е потребен за цврсти коски.

Поради тоа е потребно изложување на кожата на сонце. Дури и 15-тина минути изложување на сонце (на температури околу 10°C) произведува големи количини на витаминот Д, што е одлично за здравјето на коските.

3) Вежбањето е поефективно

Голем број студии покажале дека вежбањето на отворено дава подобри резултати отколку вежбањето во теретана. На пример, кога трчате надвор, се соочувате со неколку предизвици – узгорници, уздолници, отпор од ветрот и сл., кои е невозможно идентично да се реплицираат на лентата за трчање. Тие исто така покажале дека оние кои вежбаат на отворено се активни почесто и подолги периоди, во споредба со оние кои тоа го прават исклучиво на затворено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби