РАБОТИ НА СЕБЕ

Секоја промена бара време

Што значи да работиме на себе?

Токму ова прашање многумина го разбираат различно, со оглед на што е она кое што не им се допаѓа кај нив самите. Некој мисли дека работата на себе се однесува на вежбањето и здравата исхрана, други дека се однесува на професионалното усовршување, а трети мислат дека станува збор за духовно подигање преку разни алтернативни правци од духовното созревање за да се спознаат самите себе, да добијат увид на сопственото постоење, како и да ја намалат тежината во нивниот живот преку медитација.



Во духовниот развој спаѓа и вербата, па некои ќе се посветат на откривање на убавината на молитвата низ верата во која веруваат. Маја Вучиќ, професорка по психологија, смета дека убавината во нејзината професија е што им помага на луѓето да делуваат на оној начин на кој што им одговара на ним самите, да сфатат кои се тие, кои се нивните животни улоги, вредности и желби.

Секој може да научи да вози автомобил, но потребни ни се барем 30 часови возење со инструктор за да ја добиеме возачката дозвола. Сетете се само колку денови ви се потребни да се навикнете на некоја промена во домот, доколку преместите нешто. Зошто се потребни да поминат неколку денови за да се навикнеме на новата навика? Затоа што со самото тоа што не го пронаоѓаме предметот на старото место, секој пат се корeгира нашето однесување и нè потсетува дека треба да го промениме однесувањето за да ја усвоиме новата навика. Е сега, замислете секој пат да добивате предупредување од некој кога го работите она што не го сакате или кога мислите на работите на начин на кој е штетен за вас. Сигурно тоа многу побрзо би го усвоиле и промениле, но за жал немаме ние добра вила која ни стои на рамо и ни зборува постојано ако направиме нешто погрешно.

Повеќето од нас ја сакаат промената сега и веднаш!



- Сите со минимален труд и со помалку време сакаме да ја постигнеме посакуваната промена. Некои се наоружуваат со литература од популарна психологија и мислат дека со читање ќе променат нешто. Не дека е невозможно, само една реченица може чуда да направи, но од моето искуство, тоа е тешко. Всушност, во теорија сите знаеме сè, но праксата се уште е на исто место. Гледаме како нашата пријателка станала посмирена, повеќе не се нервира и животот и станал поквалитетен. Ја прашуваат што работи со себе што станала подобра, а таа вели дека секој ден медитира. Нормално, не кажала дека била на психотерапија, дека поминала низ работилница за психосоцијален раст и развој, но нема врска, да се држиме до медитацијата. Некои пробуваат да медитираат, но по вториот ден се откажуваат бидејќи не им оди од рака. Но, и медитирањето треба да го вежбате. Поминуваат и неколку недели, кај некои личности дури и месеци, за да успеат да го исклучат мозокот, а за таа состојба се потребни силна работа и вежбање, објаснува Маја.

Неверојатен е фактот како на некои луѓе со години им треба да им текне да направат нешто што ќе им го промени тешкиот живот. Со години живеат несреќни, често не ни знаат што е она што ја предизвикува нивната несреќа. Имаат напади на паника, анксиозност, фобии, разни стравови кои ги мачат и поради тоа избегнуваат многу работи. Со години избираат погрешни партнери, го знаат тоа, но не знаат како да го променат.

- За да ги промениме работите, мора прво да го идентификуваме проблемот.

Тоа на луѓето изгледа многу им е тешко. Сфаќаат дека нешто не е како што треба, но не гледаат што е тоа. Откако ќе се увиде некој проблем, важно е да се најде соодветно решение и да почнете да го применувате тоа.



Кој е најкраткиот, најевтиниот и најефикасниот пат до промената?

- Мислам дека најмногу се исплаќа да се вложат неколку месеци од животот на некој вид на психотерапија или психолошко советување. Секој добар психотерапевт ќе ве подржи со секаква помош и самопомош. Но, честопати овие видови на помош не се доволни, бидејќи личноста не работи сама на себе. На пример, може ќе научете да медитирате и да го смирувате умот, но ако не сте научиле како да се смирувате при соочување со немир, тој се уште ќе биде составен дел од вашиот живот, додава Маја.

Работата на себе нема крај, ако постојано самите се проанализирате во што може да сте подобри. Ако еднаш ги научите техниките и методите на таа работа, многу полесно е да работите сами на себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа Мујо дома од работа и ја затекнува Фата со Хасо:
- Добро бе Хасо, биваше ли ова да ми го направиш?! Па заедно во школо одевме, најдобри другари бевме, кум ми беше на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 50...
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби