СТРАВОТ НЕМА ДА ВЕ НАПРАВИ ПОДОБРИ

Станете емоционално силни и стабилни личности

Во животот се соочуваме со безброј предизвици и промени. Сепак, ако не сме доволно емотивно силни, ништо не може да ни помогне, ниту силниот сопатник, ниту влијанието на родителите.

Токму затоа треба да научите како да ги контролирате емоциите, но како да го постигнете тоа?



Животот не е создаден само од стравовите

Животот е многу повеќе од постојаното чувство на страв и грижи. Присутни се луѓето кои ги сакате, вашата работа, победите, успесите, среќата... Стресот нема да ве направи подобра личност, а стравот нема да ве направи среќни. Многу луѓе патат поради тоа што допуштиле токму овие фактори да влијаат на нивниот живот. Стравот е нормална појава, но мора да научите да се спротивставувате.

Пред вас е патување полно со изненадувања

Токму тоа е причината поради која мора да сте силни. Не постои личност на светот која не се соочила со некој проблем, но најверојатно и го решила. Да го прифатите фактот дека животот е патување полно со изненадувања е првиот чекор кон тоа да бидете среќни и спремни на сè.

Прилагодете се

Ако се прилагодите тоа не значи да прифатите сè и да ќутете кога не се согласувате со она што го слушате, туку да ја спречите ситуацијата да премине во голема драма без потреба. Луѓето кои знаат да се прилагодат, не се фокусираат на она што не можат да го променат, па не ја ни трошат енергијата на тие препреки. Смирено го прават најдоброто што може и продолжуваат.



Прифатете ги своите грешки

Ова не значи дека треба да продолжите да живеете во минатото, но потсетете се каде сте грешеле и простете си. Сè што ви се случило во животот е лекција и ве направило личност каква што сте денес.

Не ги кријте емоциите

Сакате нешто да кажете? Не се согласувате со она што го кажала вашата пријателка? Кажете го тоа на глас. Повеќето луѓе често одлучуваат да ги премолчат работите за да не се караат или да не вознемират некого. Ослободете се, кажете го она што го имате, немојте да ги задржувате емоциите во себе.

Вашата среќа нека зависи од вас

Веројатно и вие во некој момент од животот сте чекале некој да ве спаси и да ви го разубави животот. Вашата среќа зависи само од вас самите и само така ќе станете независни, полни со самодоверба и ќе знаете што е она што навистина го сакате. Не допуштајте некој друг да ве убеди во спротивното.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби