Фрази кои не треба да ги изговарате на работното место

Професионалното однесување е многу важно кога се наоѓате на вашето работно место, особено ако работите во тим.

Постојат одредени фрази кои никако не смеете да ги изговарате на работа, туку треба да се потрудите истите да звучат поформално и попријателски. Кои се тие?



   - Ова не е мој проблем
Кога некому му е потребна помош и ја бара од нас, често сме сурови кон него и го одбиваме со едноставни зборови, со кои создаваме некоја одбивност кон нас. Наместо овие зборови, можеме да посочиме некоја друга личност, која повеќе ќе му помогне или е постручна во таа област.

   - Но, секогаш сме правеле вака
Ова ни е одговор затоа што се плашиме од промените, а се чувствуваме пријатно со оглед на нашите поранешни искуства. Но, не постои ниту еден изговор за промените и за новите идеи. Наместо тоа, може да посочите да ви објаснат подобро за новото решение или идеја.

   - Нема ништо друго што можам да направам
Кога веќе сте заглавиле со изнаоѓање решенија за некој проблем, не се откажувајте. Кажете си себеси дека може да најдете уште решенија или пак едноставно побарајте помош.



   - Ќе го завршам за една минута
Реално, потребно ни е повеќе од една минута за да размислиме. Тоа го изјавуваме само за да им ветиме на колегите дека ќе ја завршиме работата. Наместо тоа, кажете да ве потсетат за кратко време за да ја завршите работата.

   - Ова не ми е логично
Сите правиме грешки, но не е добро да брзаме со заклучоци. Може постојат некои точки од планот за работа кои не ги разбирате или потребно ви е повеќе време за да ги сфатите, но не треба да велите дека нема логика. Побарајте помош да ви објаснат зошто според останатите тоа е најдобра опција.

   - Не си во право
Често, во знак на нервоза, знаеме да кажеме некоја слична изјава која што покажува дека сме анксиозни, но и дека не ги цениме доволно нашите колеги. Смирете се и изложете зошто не се согласувате со одредено мислење.

   - Се си направил погрешно
Многу е лесно да критикувате некого кога сте вознемирени. Обидете се да бидете поколегијални, па дури и кога станува збор за грешките. Бидете поучтиви и кажете: Ова не требало вака. Следниот пат, обиди се...



   - Можеби грешам, но...
На работното место, многу е важно да пристапувате со самодоверба. Сите имаме идеи и се плашиме да не ни ги прифатат, но ги кажуваме без да се покаже тој страв во нас. Со овие зборови, прво се гледа стравот, а потоа идејата. Наместо тоа, директно преминете на идејата.

   - Немам време
Да, многу работи треба да завршите во одреден рок, но многу е подобро ако дадете време до кога отприлика ќе може да ја завршите работата. Подредете ги обврските според роковите.

Совет плус: Ако веќе сте кажале нешто што не требало, извинете се, сите правиме грешки. Објаснете дека не сте сакале никого да повредите и ветете дека следниот пат ќе внимавате повеќе. Ако погрешно ве сфатат објаснете што сте сакале всушност да кажете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби