БЕЗ ДВОУМЕЊА

Знаци дека до вас е идеалниот партнер

Никој не е совршен во овој свет. Дури ни ние самите не сме. Кога се заљубуваме мислиме дека сме го нашле идеалниот партнер кој е добар, убав и толку искрен. Но, по некое време, доаѓаат потешкотиите и почнуваме да се сомневаме во сѐ поврзано со нашата љубов. За да ве увериме дека сте со идеалниот партнер, прочитајте ги овие 10 факти и повеќе немојте да се сомневате во него.



Не се плаши од проблемите и подготвен е сите да ги реши

Вистинскиот човек не само што ќе ви зборува убави работи, туку ќе презема одлучни акции. Во тешки ситуации, секогаш ќе биде подготвен да ви помогне.

Може самиот да си подготви јадење

Модерните жени мислат дека маж кој знае да готви е идеалниот партнер. Плус тоа, не е потребно да направи нешто специјално, доволно е да знае да направи само некое едноставно јадење.

Секогаш ќе ве поддржи, па макар и ако правите некоја сериозна грешка

Сите правиме грешки и кога тоа се случува, потребно е нашиот партнер да е до нас. Дури и ако не сте во право. Партнерот треба да ве поддржува, а не да ве обвинува.

Обрнува внимание на деталите

Ова не значи дека тој треба да го знае секој детаљ од вашиот живот или да запомни нешто уште од првите денови. Но, треба да обрнува внимание на работите кои што ви се важни. На пример, знае со колку шеќер го пиете кафето или која ви е омилена песна.

Тој е мудар, а не само паметен

Може да ви биде од помош некој кој ќе знае да ви објасни квантна физика, но поважно е да пронајдете маж кој ќе ги реши секојдневните проблеми. Ако е во состојба да ви дава добар совет дури и кога се карате со вашата мајка, тогаш навистина сте среќни.



Знае како да ве развесели

Кога не се чувствувате добро, вашиот партнер треба да знае како да ве насмее.

Знае како да преговара и да направи компромис

Ги знае потребните зборови кои треба да ги употреби со полицајците, мајсторите, но и со расплакана жена. Дури знае да се разбере и со соседот кој постојано прави нереди.

Не заборава на вашите проблеми веднаш штом излезе од дома

На мажите им е потешко да се фокусираат на повеќе работи истовремено. Но, секогаш проблемите на онаа личност во која се вљубени ги ставаат на прво место и не ги забораваат.

Важно му е вашето мислење

Врската помеѓу мажот и жената не треба да е само заедничкиот живот – туку мора да станат пријатели и да си делат совети. Сепак, ова не значи дека мажот треба да биде под закрила на жената! Научете како заеднички да носите одлуки.

Ви помага со домашните обврски

Ако ве почитува и ве цени, никогаш нема да дозволи да се почувствувате како да сте му ваша домашна помошничка. Партнерот ќе ве разбира дека имате многу обврски и секогаш ќе биде подготвен да ви помогне во домашните обврски. Уште повеќе, заедничката работа низ домот ќе ви биде позабавна и побрзо ќе ја завршите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби