ЗГОЛЕМИ ЈА ЕНЕРГИЈАТА ВО СЕБЕ

Што да правиш кога едноставно не ти е денот?

Сите понекогаш имаме лош ден и тоа е нормално. Можеби не сте се наспале или сте под влијание на временските прилики, а некогаш не ни имаме причина за лошото расположение. Не може секогаш да влијаеме на тоа кога ќе не фати такво расположение, но тоа не значи дека не може да му се спротивставиме. Кога едноставно не ви е денот, потрудете се да направите нешто од следните работи:



Концентрирајте се на позитивните работи

Колку побрзо одлучите помалку да преговарате за работите кои ви пречат или ве измачуваат, толку побрзо ќе се чувствувате порасположено. Без разлика дали поминувате низ некој период од животот, секогаш постои нешто на што може да му се радувате и да сте благодарни.

Ако не ви се прави апсолутно ништо, земете си слободен ден. Дочитајте ја книгата која сте ја почнале пред некое време, поминете цел ден со миленичето или одете на некое мирно место кое ве опушта.

Кога ќе ви се случи некој прекин, не го доживувајте тоа како крај на светот. Подобро размислувајте како Г-дин Погрешен го ослободил местото за Г-дин Вистински. Не заборавајте на сите останати луѓе околу вас кои ве сакаат и ценат. Одвојте време за нив и покажете им дека ви се важни.

Движете се

Токму кога имате лоши денови, најлошо е да седите дома и ништо да не правите. Затоа движете се, прошетајте, одете во теретана, трчајте во паркот... Работете што било.



Сигурно и самите знаете дека во тешките моменти најлошо е да си сам со своите мисли. Поради тоа окупирајте се со нешто. Важно е да ја раздвижите енергијата во себе.

Бидете добри кон себе

Поголемиот дел од времето, поединецот е сам свој најголем критичар. Лесно ги опростуваме маните и грешките на другите, а на себе не можеме да си ги простиме ни ситниците. Потрудете се да го промените тоа.

Бидете сам свој најдобар пријател. Што и да се случи, важно е да сте на ваша страна. Додека е така, ќе може да се носите со сѐ што ќе се случи во животот.

Бидете благодарни

Лесно е да ја проколнувате судбината зошто не ви го дала ова или она, но запрашајте се кога последен пат сте се почувствувале благодарни за сѐ што имате? За сите членови на семејството, пријателите, миленичињата, партнерот, работата, талентот..?

Добро е од време на време да се потсетувате дека има нешто за што би биле благодарни. И не само тоа, славете го својот успех.



Не заборавајте да фантазирате

Не се кажува за џабе дека ако може да фантазираш нешто, тогаш тоа може и да го исполниш. Соништата ни помагаат да ја развиеме креативноста, да смислиме нови планови, да ги збогатиме целите кои ги имаме пред себе. Опуштете се и допуштете им на мислите сами да се множат. Можеби пријатно ќе се изненадите на сѐ она што може да ви падне на памет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби