Да, добро прочитавте. Се разбира станува за самопрогласена вештерка, која воедно е и визуелен научник. Лорен Боукер го направи она што и е потребно на секоја жена, која сака да експериментира со бојата на косата.
Станува збор за боја која се менува во зависност од температурата во просторијата во која што се наоѓате и е едноставно магична!
Нејзиниот проект се нарекува „Fire“ и ќе биде промовиран на лондонската модна недела, како дел од соработката помеѓу нејзиниот бренд THEUNSEEN и Storm Models.
-Кога топлината или студенилото ќе дојдат во контакт со пигментот, доаѓа до менување на хемиските врски што ви дава друга боја. Значи станува збор за хемиска реакција, објаснува Боукер.