ДАЛИ И ВИЕ ПРИПАЃАТЕ ОВДЕ?

Групи луѓе кои се осудени на пропаст

На многу начини, претприемништвото е непозната територија и не секој може да го пронајде својот пат. Кога ја следите својата пасија, некои експерти велат дека е многу поважно што да НЕ правите отколку да се трудите да го следите нечиј пат.

Авторката и бизнисменка Стефани Синклер која има долга кариера во маркетинг реши да им помогне на другите претприемачи да направат нешто за себе. Синклер има своја сопствена консултантска фирма за маркетинг и бизнис. Со текот на годините таа сфатила што е она што ги одделува успешните луѓе од паметните луѓе, кои никогаш не ги претвориле нивните идеи во реалност.

Во нејзината книга „Shut Up and Do the Work“ таа одделува пет видови на луѓе кои најверојатно нема да успеат во бизнис светот. Кои се тие?

Оние кои сонуваат



- Сонувачите зборуваат од делот во нас кој посакува повеќе и знае дека може да имаме повеќе. Тие имаат способност да изградат добри односи со голем број на луѓе во светот во кој работат, но таму застанува целата работа, пишува Синклер.

Ако не преземете чекори кон исполнување на вашите цели, никогаш нема да може да ги исполните вашите соништа.

Оние кои демнат



- Оние кои демнат седат во позадина и гледаат што прават другите. Никогаш не коментираат, не учествуваат и не преземаат ништо, смета Синклер.

Никогаш нема да бидете целосно подготвени. Ако го чекате вистинското време, може да ја испуштите шансата. Наместо тоа, направете чекор, дури и оние малите чекори се многу важни за почеток.

Оние кои мразат



- Можеби на прв поглед ви изгледаат дека се навистина добри луѓе, но длабоко во себе, тие чувствуваат љубомора за успехот на другите.

Љубомората е непријател на успехот. Ако вие сте љубоморни на некого, мотивирајте се да научите од нивниот успех, за потоа да направите нешто на кое вие ќе бидете горди.

Оние кои се песимисти



- За песимистот, подобро е да не се обиде отколку да се обиде и да не успее, додава Синклер.

Стравот од успехот може да ве парализира. Запрашајте се: Што најлошо може да ви се случи? Не е толку страшно колку што замислувате.

Оние кои осудуваат



- Бидејќи ги осудувате другите, се плашите дека и вас ќе ве осудуваат.

Самите сме си најлоши непријатели. Со самото тоа што ќе се искачувате по скалилата на вашата кариера, луѓето ќе почнат да ве ценат, бидејќи гледаат колку се трудите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби