НЕ Е ВАЖНО ШТО, ТУКУ КАКО ЗБОРУВАТЕ

Како треба да зборувате ако сакате да сте успешни?

Ако сакате да ве чујат, не е толку важно ШТО зборувате, колку што е важно КАКО зборувате. Постојат различни фактори кои придонесуваат за да го подобрите начинот на кој ја пренесувате пораката: говорот на тело, фацијални изрази и најважно, тонот на гласот и начинот на кој зборувате.



Валори Бартон, напиша книга „Successful Women Speak Differently“, во која ги искажува своите ставови за тоа како треба секоја успешна жена да зборува. Сепак, овие совети се одлични и за мажите, бидејќи и тие треба да се едуцираат во врска со оваа тема.

Внимавајте на интонацијата

- Многу е важно да внимавате како звучите, стои во книгата.

Иако не размислуваме многу за тоа, нашите гласови ни ги откриваат емоциите. Многу често знаеме да изговориме нешто кое ќе звучи како прашање, бидејќи ако го зголемуваме тонот на гласот на крајот од реченицата, на тој начин ја искажуваме нашата несигурност. Наместо тоа, треба да звучите самоуверено.

Претворете ја вашата нервоза во возбуда

Често сме нервозни пред некој состанок. Наместо да си се смируваме со зборовите „смири се“, кажете му на мозокот, но и на телото, дека едноставно сте возбудени. Според Бартон, возбудата е висока состојба, која е мошне блиска до нервозата, но е многу посмирена. Многу е полесно да преминете од нервозна состојба во возбудена, отколку од нервозна во смирена.

Па кажете си себеси дека сте возбудени и верувајте во тоа.



Зборувајте вистинити и точни информации

Многу луѓе се заглавени во идејата да бидат позитивни постојано, но позитивноста не е суштествена за успехот. Многу подобро е да ја гледате реалната состојба, па кога ситуацијата е негативна, така и да зборувате. Потребно е да искажувате вистинити и точни информации за некој проект или задача, а дури потоа позитивно да го зграпчите предизвикот дека ќе го завршите она што се бара од вас.

Имајте го на ум и факторот дека треба да сте пријатни

Вашата способност да влијаете на луѓето и да им дозволите да го слушнат вашето мислење, зависи од толку колку им се допаѓате. На овој начин ќе се зголемат вашите шанси за успех.

Сепак, треба да запомните дека нема на секому да му се допаѓате и тоа е сосема ОК. Само обидете се да бидете најдобрата верзија од себе и искористете ја секоја можност да бидете љубезни, веродостојни и да ги подржувате вашите колеги.

Прашувајте!

Преку прашувањето на директни прашања ќе ја заборавите конфузијата. Исто така, на овој начин ќе ги осигурате другите за нивните насоки во работата. Во денешно време не важно да го имате вистинскиот одговор, колку што е важно да го прашате вистинското прашање кое се однесува за вас и да се придржувате до задачата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби