Второ издание на Fashion & Lifestyle Expo!

И овој март, од 29-ти до 31-ви, во Македонската опера и балет, подгответе се за пролетно будење на сите сетила со богатата, инспиративна содржина која ќе ви ја понуди второто издание на Fashion & Lifestyle Expo.

Од уникатен дизајн на накит, мебел, ентериер и мода, егзотични и авантуристички патувања, литература, музика, уметност, архитектура, фотографија, шминка, па се’ до вкусна храна, квалитетни пијалоци, слатки и добро кафе и сето тоа сместено во безвременската елеганција и софистицираност на фојаето на Македонската опера и балет, Fashion & Lifestyle Expo е настанот на кој се вкрстуваат сите овие области и елементи, со кои секојдневно го градиме нашиот животен стил.

Второто издание на Fashion & Lifestyle Expo, под мотото #воншаблон, ветува тридневно бегство од секојдневието и рутината и ве предизвикува да излезете од комфорната зона за да ги активирате сите сетила, уживајќи во збогатена и освежена содржина – како во изложувачкиот, така и во програмскиот дел.

Освен во бројните анимирани изложбени простори, посетителите ќе можат активно да се вклучат и во многуте креативни презентации и работилници. Оваа година програмата на настанот е распоредена во неколку катчиња низ фоајето на МОБ – главен - EXPO дел, F&L café, Food corner, Creative hall (гардероберот), Beauty Bar и Галерија во која ќе бидат изложени модни креации, уметнички дела од млади уметници, фотографии и сл., па така, секој посетител ќе може да пронајде активност која ќе го интересира и инспирира да оствари вистинска креативна конекција.

Вечерните часови и оваа година се резервирани за исклучителна забава со музички настапи на актуелни бендови, пијано концерт, модни ревии и уметнички перформанси, дегустација на вкусна храна, квалитетно вино и одлични коктели.

Изложувачите на овој #воншаблон настан се објавени овде, а наскоро ќе биде објавена и деталната програма.

За повеќе информации околу предавачите, работилниците и како да се пријавите и да го резервирате вашето место за истите, следете ја фан страната на Facebook.

Се гледаме на F&L Expo 2017, од 29-ти до 31-ви март во МОБ, да го предизвикаме секојдневното и обичното. Одиме #воншаблон!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби