Вреди да се посети: Вечери на женски права од 3-ти до 9-ти март

Од утре (3-ти март), па сè до 9-ти март, традиционално ќе се одржат Вечерите на женски права – настан кој нуди алтернатива во прославувањето на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март.

Годинава, преку уметност, филм и музика ќе се поттикнат мажите и жените да размислуваат критички за родовата (не)еднаквост и да одадат почит на досегашните достигнувања.

Во програмата ќе биде вклучена проекција на 4 документарни филмови кои поттикнуваат критичко размислување за улогата на жената во време на криза, како и тематски дискусии со дел од режисерите на овие филмови, локални активисти, експерти и целата јавност. Дополнително, посетителите ќе можат да погледнат меѓународна изложба на слики на тема „Супер хероини“, базар на ракотворби и уметнички дела, работилници за стрип, фотографија, раскажување, трансакциска анализа, јога како и работилница за надминување на стравот од породување.

Целата програма за настанот, кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар, можете да погледнете на следниот линк.

Настанот „Вечери на женски права“ се организира од 2010-та година. Успешната реализација на досегашните изданија е резултат на соработката помеѓу Град Скопје, UN Women, Институт за родови студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Универзитетот за аудио - визуелни уметности - ЕСРА, Скопје и организацијата „Една може!“.

Оваа година настанот е во организација на Центарот за истражување и креирање на политики – Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби