Какви мажи сакаат жените: Алфа или омега?

Кога Иван Ивановиќ и постави прашање на Моника Белучи што треба да има еден маж за да биде секси, таа му одговори дека треба едноставно да биде како него.

Ваквиот комплимент помалку го збуни српскиот водител бидејќи со сигурност не очекуваше еден таков одговор.

Во суштина многу мажи би сакале точен одговор токму на тоа прашање: Какви мажи сакаат жените? Груби или нежни? Пријателски настроени или директни? Кој е вистинскиот тип што ќе помине кај нив?

Истражувањата покажуваат дека алфа мажите се попривлечни во текот на плодните денови, затоа што во овој период жената потсвесно избира татко за своето идно дете. Сепак, кога ќе помине „кризата“ повеќето припаднички на понежниот пол сакаат да завршат со омега маж.

Како алфа, така и омега типот има свои предности и маани, сè во зависност од тоа каква жена го избира.

Карактеристики на алфа мажи:

  • Доминанти
  • Самоуверени
  • Малку егоцентрични
  • Сакаат се да држат под контрола
  • Страствени
  • Мажествена градба на тело
  • Лидери
  • Натпреварувачки дух
  • Непредвидливи
  • Мошне активни
  • Сакаат да пробаат нешто ново
  • Не бараат одобрување за своите постапки
  • Екстравертни
  • Добро се снаоѓаат во кризни ситуации
  • Постојано се опкружени со луѓе

Карактеристики на омега мажи:

  • Не сакаат да се истакнуваат
  • Мирни се
  • Имаат послаба градба
  • Паничат кога има проблеми
  • Ги препуштаат одлуките на жената
  • Не се авторитативни
  • Понекогаш се несигурни
  • Непријатно им е да кажат што не им се допаѓа
  • Избегнуваат конфликти и преземање поголем ризик
  • Нежни се кон жените
  • Преферираат да работат сами отколку во тим
  • Сакаат да бидат сами
  • Не сакаат изненадувања
  • Најубаво се чувствуваат во позната околина
  • Интровертни се
  • Немаат многу пријатели

Што е со бета?

Интересно е да се забележи дека постои и посебна бета категорија која опфаќа мажи кои во текот на растењето имале недостаток од квалитетен татковски однос. Важно им е да ги исполнат туѓите очекувања, да бидат љубезни и да ги избегнуваат недоразбирањата со луѓето.

Несигурни се и имаат потреба од туѓото одобрување, па често може да бидат и пасивно–агресивни. Не ретко ги обвинуваат другите луѓе за своите пропусти и ја избегнуваат одговорноста. Се чувствуваат подобро кога се во друштво на жени, отколку во друштво на мажи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби