ТРУДЕТЕ СЕ ЗА НИВ

Која е формулата вашето дете еден ден да стане успешно?

Постои една работа која може да ја правите со своите деца, за која е научно докажано дека потоа детето ќе биде емоционално поинтелигентно и ќе има поголеми шанси за успех. Тоа е нешто што возрасните сè помалку го прават во последно време, а станува збор за читањето!

Родителите денес сè помалку читаат со своите деца, но и децата самостојно читаат сè помалку книги, најверојатно поради големиот замав на технологијата. Сепак, не треба да заборавиме дека читањето не е само поврзано со успехот во училиште, туку и со успехот во животот и во кариерата. Според американската Академија за педијатрија, вештината за читање во трето одделение е најдобар индикатор дали детето ќе матурира и ќе биде успешно. Исто така, докажано е дека читањето ги прави луѓето интелектуално повнимателни, а емпатичните луѓе развиваат подобри односи со другите луѓе, бидејќи се поуспешни во читањето на другите и ги разбираат нивните мисли. Од таа причина, емпатичните луѓе се подобри директори, шефови и колеги.



Најпрво, станете пример за читател

Ако сакате да ги воспитате вашите деца како читатели, потребно е да ве видат како читате. Кога читате на телефон или на таблет, тоа за детето не е читање. Мора да ве видат како читате книга. Прочитајте ја истата книга која вашето дете ја прочитало и разговарајте за тоа. Избирајте книги кај кои постои можност да го запознаете авторот или да го погледнете филмот кој е снимен според таа книга.

Разгледајте ја околината и откријте кои локални атракции, историски случки или изложби се поврзани со некоја книга? Изберете таква книга и потоа може да организирате семеен излет. Со други зборови, пронајдете начин на кој може да ги вклучите книгите во времето кое го поминувате со семејството. На тој начин, на децата ќе им се овозможи од прва рака да бидат сведоци на врската помеѓу книгата и светот околу нив.

Потоа, препознајте го нивото на читање на вашето дете



Ако читањето е постојана борба, децата нема да сакаат да читаат и ќе се противат. Од таа причина многу е важно да дознаете на кое ниво на читање се наоѓа вашето дете. Советувајте се со неговите учители, за да дознаете кое ниво е соодветно за негово самостојно читање и читање со повозрасна личност. Обично, мора да бирате поедноставни книги за самостојно читање.

Откако ќе го дознаете нивото, оставете го детето само да избира сопствена литература базирана на неговиот интерес. Можете и да го натерате да постави прашања за работите кои го интересираат, а потоа заедно да ги пронајдете книгите. На тој начин, ќе научи дека читањето е начин на кој бара и добива информации.

За крај, читајте со вашето дете



Понекогаш рутината за читање со детето пред одење во кревет се претвора во едноставно изговарање зборови на глас. Со тоа не може да се постигне многу, особено кога се работи за постари деца. Наместо тоа, вклучете ги децата во читањето.

Пред читање, предложете им да ги разгледаат книгите и да предвидат за што се раскажува според насловот, поднасловот или фотографијата. Прашајте дали имаат некакви прашања во врска со книгата или темата. За време на читањето немојте да разговарате за тоа што се случува, туку преку прашања проценете го нивното подлабоко разбирање на книгата. Разговарајте за ликовите, прашајте ги што би направиле тие доколку би се нашле на местото на ликот, едноставно поттикнете ги да размислуваат.

Желбата за знаење во комбинација со механизмот за пронаоѓање одговори, е клуч на учењето. На овој начин, децата ќе имаат успешна кариера, но и успешен живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби