Природни начини за хидратација на сува кожа

Луѓето кои природно имаат сува кожа, треба подобро да се грижат, а најдобри резултати ќе постигнат на природни начини. По зимскиот период, нашата кожа е жедна за хидратација. Понекогаш обичното млеко за тело не е доволно, па затоа треба да се грижите многу повеќе.

Вода



Пијте многу вода и хидратирајте се и од внатре и од надвор. Водата е најприродниот, наједноставниoт и најефикасниот лек за сува и дехидрирана кожа. Консумацијата на вода ќе го поттикне варењето, а кожата ќе ја направи сјајна. Исто така, водата помага при отстранување на токсините кои може да излезат преку кожата, но благотворна е и за срцето и бубрезите. Препорачаната дневна доза е два литри дневно.

Природни сапуни

Трудете се да користите природни сапуни за лична хигиена. Секогаш проверувајте ги етикетите и избегнувајте ги оние козметички препарати кои имаат многу хемикалии. Бирајте сапуни со природни состојки, кои ќе ја влажнат вашата кожа.

Мед



Органскиот мед е одличен за природна хидратација на кожата, а познато е и дека има антибактериско и антисептичко дејство. Медот ќе ја намали иритацијата на кожата и ќе ги спречи инфекциите. Пет дена последователно нанесувајте мед на критичните делови на кожата и оставете го медот да отстои 5-10 минути. Потоа измијте се со млака вода. Резултатите за брзо време ќе бидат видливи.

Кокосово и маслиново масло

Кокосовото масло може во голема мера да им помогне на луѓето со дерматитис за кои е карактеристична сувата кожа попратена со чешање. Навлажнете ја кожата со вода и нанесете кокосово масло во тенок слој. Најдобро е тоа да го направите пред спиење. Маслиновото масло содржи антиоксиданси кои ќе ја хидратираат кожата и ќе и ја пружат неопходната нега. Ако се масирате со маслиново масло пред туширање, ќе го спречите сушењето на кожата по жешката вода.

Овошје



Потрудете се да јадете повеќе овошје бидејќи истото содржи многу вода. Преку консумирањето на овошје ќе внесете и минерали и витамини кои и се неопходни на кожата. Доволно е да внесувате две овошки за појадок и набрзо ќе ги забележите резултатите.

Навлажнувач на воздухот

Освен што е добар за респираторниот систем, навлажнувачот на воздухот ќе го спречи сушењето на вашата кожа. Ставете го во спалната соба или таму каде што поминувате најмногу време во текот на денот. Водите сметка и за тоа да го намалите греењето зимно време, бидејќи топлиот воздух дополнително ја суши кожата.

Немојте да се туширате со врела вода



Мора да ја намалите температурата на водата додека се туширате. Врелата вода, исто како и јаките сапуни и гелови за туширање, го отстрануваат површинскиот слој за масна кожа. Умерената температура на вода повеќе ќе и одговара на вашата кожа.

Омега 3 масни киселини

Омега 3 масните киселини се наоѓаат во рибите (скуша, лосос, свежа туна, сардина, пастрмка), лененото масло, семките од чиа и јаткастите плодови. Со редовно внесување на омега 3 масни киселини, вашата кожа ќе биде поздрава, посјајна и со појак тонус. Освен што ја хидратизира кожата, ги спречува воспаленијата и може да се користи при изгореници од сонце. Потрудете се да внесувате омега 3 преку храната или користете суплементи кои го надокнадуваат витаминот D.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива пo влажни коловози. Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патниот правец Скопје – Катланово. Од 15 ноември, на сила...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на есперантската книга
37.- Роден е римскиот цар Нерон Клавдиј Цезар...
1675.- Умре холандскиот сликар Јан Вермер, кој...
1711.- Во Копенхаген изби епидемија на чума,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби