УРЕДЕТЕ ГО ДОМОТ И ПРИВЛЕЧЕТЕ УБАВИНИ

Фенг шуи правила за среќа и пари во домот

Пролетта веќе ни пристигна, а добрата енергија во домот треба слободно и правилно да тече. За таа цел, добро е да се заинтересирате за одредени фенг шуи правила за уредување на домот. Овие правила се поврзани со финансискиот просперитет, богатството и среќата.

Елементот за богатството според фенг шуи е дрвото, а знаеме дека дрвото се негува со вода и земја кои му овозможуваат цврста основа за раст. Декорот во домот или канцеларијата треба да ги изразува токму овие елементи.



Внесете здрави, бујни и зелени билки, како што се бамбусот или билките кои што го прочистуваат воздухот. Добри се и оние силни и цврсти дрва, кои ќе напредуваат со природната светлина во просторијата.

Карактеристиката на водата освен со вода може да ја постигнете и со огледало. Поставете некое огледало покрај вашата касичка за пари, бидејќи на тој начин ќе се привлекуваат парите. Исто така може да закачете некоја слика со чисто море, езеро, река или пак да експериментирате со некоја фонтана изработена од парички.



Добрата енергија можете да ја привлечете со слики од шума, паркови или зеленило или пак со интересна формација на одредени земјиште од песочни плажи до планини и кањони.

Најмоќни бои за привлекување на парите се виолетовата, зелената и црвената. Па слободно можете да залепете плакати на ѕидовите во оваа боја.



Размислете за класични фенг шуи декорации, кои вистински ви одговараат на вашиот карактер. Ако сте една од личностите кои ја сакаат источната мудрост, медитацијата или јогата, можете да внесете просперитет и мир со што ќе ставете статуа од Кришна, Буда, Лакшими или некоја друга света фигура.

Секогаш одржувајте ја енергијата свежа и жива со помош на пријатни природни мириси од свежо цвеќе (бамбус, орхидеја, љубичица) и неколку свеќи. Просторот каде што ќе стојат цвеќињата и свеќите треба да е добро осветлен. Добро е и од време на време да пуштате некоја смирувачка музика. Што се однесува до свеќите, тие се едни од најмоќните фенг шуи „лекови“. Предлагаме да купите црвен свеќник, бидејќи истиот симболизира долг и среќен живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби