Знаци дека повеќе сакате да сте сами отколку во врска

Не е важно дали сте сингл, дали сте во врска или брак. Ваше е да откриете што сакате во животот, дали сакате да има некој човек до вас или пак да бидете слободни како птица без никакви обврски. Можеби не сте создадени за да бидете во заедница со некој друг и најдобро функционирате сами. Но, сѐ е нормално. Прочитајте ги следните знаци и откријте дали сакате повеќе да сте сами или во врска:



Избегнувате недоразбирања и караници

Иако општо познато е дека нема љубовни врски без барем малку караници или лутења, некои луѓе едноставно не сакаат да имаат такви падови, па затоа повеќе се задоволуваат сами. Постои врежано мислење дека луѓето во врска се посреќни отколку самците, но некои истражувања покажуваат дека и самците се еднакво среќни како оние во врска.

Вие едноставно сте сингл во душата

Психолозите велат дека некој е самец во душа кога се гледа како самец, но тоа не е во негативна смисла. Постојат луѓе кои по природа се сингл и кога привремено имаат романтични врски, не се склони на долготрајни животни партнерства. Исто како што некои луѓе сакаат да основаат семејство, така и некои сакаат да се сами.



Уживате во личните достигнувања

Ако уживате во тоа што самостојно ги извршувате обврските и тоа баш онака како што сте си замислиле, психолозите сметаат дека и тоа може да е знак дека сте самец во душата. Истражувањата покажале дека кога личноста има високо развиено чувство на самодостигнувања, се чувствава послободно и помала е веројатноста дека ќе искуси негативни емоции.

Не сакате да сте врзани

Ако чувствувате дека вашата слобода била загрозена во секоја врска во која сте биле, за вас може е најдобро да останете слободни. Некои луѓе едноставно знаат дека сакаат да останат сами. Уживаат во слободата и не се плашат дека нешто ќе изгубат, затоа што не се пар.



Се плашите дека ќе пропуштите нешто подобро

Некои луѓе се неодлучни да изберат долготраен партнер затоа што се прашуваат што ако наиде некој подобар? Некој позабавен, повозбудлив, покорисен? Во таа ситуација, ако сте постојано во потрага по нешто подобро, очигледно е дека не сакате да губите време на врска.

Како зависник сте од нови прилики и можности

Нема ништо лошо во барањето на различни можности, но понекогаш тоа станува животен стил. Така и луѓето кои сакаат да излегуваат со други луѓе и не се плашат да запознаат нови личности, всушност не сакаат да бидат во долга врска.



Ја преиспитувате својата животна цел

Некои луѓе се во постојана потрага за подлабоко осознавање на своите животни цели, но и смислата зошто се на овој свет. Понекогаш тоа се претвора во целоживотна потрага во која не сакате трајно да се врзете.

Не прифаќате ништо помалку од совршенство

Познато е дека совршенство не постои, но некои тоа сепак не ги обесхрабрува во потрагата за совршен партнер..иако длабоко во себе знаат дека идеалот не може да го пронајдат во реалниот свет. При тоа полесно им е да останат сами.

Не сакате да ги делите парите

Во врските често се случуваат финансиски разлики, но најчесто и постои одредено финансиско заедништво. Но, ако не сакате да ги делите своите пари, изгледа дека сингл животот повеќе ви одговара.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби