Трикови за да го издржите денот по бессоната ноќ

Кога немаме доволно сон во текот на ноќта, следниот ден ни е мошне тежок. Без разлика која е причината за бессоната ноќ, следниот ден мора да станеме и да продолжиме со работните обврски.

Но, како да го направиме тоа? Со следните трикови:



Разбудете се без одложување

Одложувањето на станувањето од кревет нема многу да ви помогне ако ве чекаат дневните обврски. Подобро е веднаш да станете за да имате доволно време да го разбудите своето тело. Подигнете ги ролетните, отворете го прозорот и дозволете му на свежиот воздух и сончевата светлина да влезат во вашата соба.

Појадувајте

Потребно е на почетокот на денот организмот да го добие потребното „гориво“. Појадокот го покренува метаболизмот па на тој начин ќе бидете поактивни и ментално и физички. Слободно дозволете си хранлив оброк (овошје или млеко, јајца со шунка, интегрален сендвич, сирење или јогурт), но избегнувајте шеќер, бидејќи шеќерот само привремено ја подигнува енергијата.

Не претерувајте со кафето



Наутро, кафето може да ви помогне да се разбудите, но пиење шолја по шолја кафе во текот на денот, нема да ја зголеми будноста, туку со тоа може да станете и поуморни. Подобар избор се билните чаеви, свежо исцедените сокови и водата.

Важните обврски извршувајте ги претпладне

Ако сте имале лоша ноќ, најверојатно до попладне ќе бидете навистина уморни. Затоа потрудете се сите важни обврски да ги завршите наутро или барем во првиот дел од денот, а оние помалите обврски оставете ги за попладне или за навечер.

Движете се



Немојте само да „вегетирате“ туку движете се колку што е можно повеќе. Не заборавајте да пиете вода која не само што го освежува организмот туку може и да ја спречи главоболката. По можност, излезете на свеж воздух 20-тина минути.

Опуштете се вечерта

Навечер немојте под секоја цена да се обидувате да го надополните сонот од претходната ноќ. Отидете на време во кревет, не мислејќи на тоа дали оваа вечер ќе се наспиете или не. Едноставно пуштете сонот да ви дојде без големи очекувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби