ОД МАШКА ПЕРСПЕКТИВА

Сѐ што не знаев за доењето

Клинт Едвардс, автор на книгата „This Is Why We Can’t Have Nice Things“ и на блогот „No Idea What I’m Doing: A Daddy Blog“, е татко на три деца кој инспирира многу татковци низ светот со неговото хумористично прикажување на татковството. Од своја гледна точка прикажува што морал да научи за да биде добар татко и сопруг.

Своите први две деца ги храневме со шише. Мојата сопруга Мел сакаше да дои, но и во двата случаи, поради различни околности, тоа едноставно не успеа. Првиот пат немаше време за доење бидејќи имаше работа со лошо работно време, а по раѓањето на второто дете веднаш отиде на операција, пиеше некои лекови и млекото повеќе не и течеше.



Тешко ми беше да разберам дека така се чувствува се додека не добивме трето дете, кое Мел го доеше. Тогаш сфатив колку доењето е комплицирано. Еве што научив:

Понекогаш млекото тече низ дојката

Не очекував дека кога бебето ќе плаче или кога ќе премине подолго време помеѓу хранењата, кај Мел веднаш се јавуваше течење од дојките. Најпрво мислев дека тоа и е некоја маана, но потоа сфатив дека мене ништо физички не ми се случува кога плачат моите деца. Само станував фрустриран или збунет. Мел ги доживуваше истите емоции, но навистина е фасцинантно колку беше во склад со нашето дете. Таа реагираше и физички и емоционално.

Нејзините дојки во поголем дел од денот беа на располагање, но не за мене

Кога Аспен почна да лази, јас и Мел на шала, се трудевме да дознаеме кого повеќе сака. Ја остававме во дневна и од кујна ја викавме. Аспен тргна накај мене, а потоа Мел ја крена маицата. Наеднаш бебето тргна накај Мел со отворена уста, а јас сфатив дека Мел нема конкуренција. Мојот адолесцентски сон беше низ мојот дом да се шетаат убави жени со големи гради. Со доењето, тој сон стана реалност. Меѓутоа, дојките не беа за мене, туку за детето. Тоа беше добра поука за мене како човек кој со години на градите гледаше како на нешто сексуално, со цел на крај да види колку дојките се важни за еден живот.

Поради доењето моето бебе ме замрази

Во првите три месеци, јас бев безвреден во животот на Аспен. Дури и повеќе од тоа. Ме мразеше. Ако предолго гледав во неа, ќе почнеше да плаче. Морав да заборавам на држењето во раце. Зошто се чувствував така? Мислам дека поради тоа што немам гради. Ако не можам да ја хранам, тогаш од каква корист сум и? Тоа беше дискриминација на таткото од страна на сопственото дете.



Брадавиците се комплицирани

Испукани брадавици, крвавење, напнатост, памук за брадавици, повлечени.. Постојат толку многу компликации, што ни помошни средства нема толку многу. Моите брадавици не се такви. Му овозможуваат на моето тело симетрија, а понекогаш им е ладно, но повеќето во денот не ги ни забележувам. Тие се само овде, на моите гради и немаат никаква улога. Немав поим дека женските брадавици се толку комплицирани.

Дојките растат кога ќе се наполнат со млеко

Ова би требало да биде очигледно, но не беше така. За мене тоа беше енигма. Признавам дека Мел изгледаше убаво со поголеми гради, меѓутоа се плашев да ги допирам. Не сакав млекото да ми испрска на лице.

Љубомора бидејќи немате гради

Првиот пат кога останав дома со децата, Аспен се разбуди, почна да плаче, а потоа ме фаќаше за бицепсот. Се чувствував целосно безвредно, за прв пат во животот, си замислував за свои дојки.



Љубомора бидејќи не можете толку да се галите

Сакам да се галам со бебето. Со првите две деца можев често да се галам, бидејќи можев да им дадам шише. Но, Аспен ме дискриминираше бидејќи јас немам гради. Често ја гледав Мел како се гушка и гали со Аспен, додека ја храни и бев прилично љубоморен.

Мајките кои дојат навистина многу зборуваат за доењето

Мел со своите пријателки многу зборуваше за доењето. Тоа стана тема на разговор и за време на вечера. Беше на врвот на дневниот ред и признавам дека на почеток тоа ми беше малку чудно. Слушнав и за советник за доење, но не разбирам зошто на некому би требало советник за да го советува како да го направи тоа. Откако поминав некое време со Мел, како мајка која дои, ги согледав сите компликации кои може да се создадат. Почнав да гледам на градите како нешто многу комплицирано, но прекрасно. На толку многу начини и бев благодарен на мајката на своите деца што толку многу се труди да ги нахрани и што се грижи за нашата ќерка.

Доењето во јавност се уште е табу тема

Првиот пат кога бевме надвор на вечера, Мел покриена ја хранеше Аспен, а луѓето ја гледаа како јавно да уринира. Не беше ништо сексуално во тоа што го правеше. Мислев на се она што морала да помине за да ја научи нашата ќерка правилно да цица и беше во состојба да произведува доволно млеко, а потоа помислив на тоа колку долго требаше да чека за да ја добие приликата да дои. Тогаш посакав сите луѓе, што ја гледаа така, да ги удрам во лице!

Велат дека родителството ти ги отвора очите, а јас сум прв што ќе каже дека тоа навистина е така. Но, ми ги отвори очите на начини на кои не сум очекувал. Мел и јас бевме во брак речиси 10 години, пред прв пат да ја здогледам како го дои нашето дете, а на крај стекнав нова почит кон неа и кон сите мајки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби