6 начини како да го задржите трпението во напнати ситуации

Многупати знаеме да избувнеме во моменти во кои треба да покажеме разбирање и трпеливост. Често ни се случува за тоа подоцна да зажалиме иако знаеме дека треба да изброиме до 10 па потоа да продолжиме со разговорот. Токму затоа треба да знаете зошто е добро да сте трпелива личност.



Релаксирање на телото и умот

Кога сме нервозни дишиме забрзано, мускулите ни се напнати и срцето побрзо ни чука. Токму затоа во овие моменти мора добро да размислиме и да почнеме со длабоко дишење, да ги опуштиме мускулите, па потоа да продолжиме со разговорот.

Преформулирање на размислувањето

На пример, ако станувате нестрпливи додека чекате во ред да платите во маркет, разгледајте наоколу и сфатете дека не сте вие единствените кои чекаат. Сите чекате, а ако се нервирате постојано, сигурно нема побрзо да стигнете на ред.



Бидете присутни на за сѐ она што се случува околу вас

- Искористете ги петте сетила за да сте присутни за она што се случува околу вас. Започнете со набљудување на зајдисонцето и исклучете го мозокот од сѐ друго, советува Венди Витсет, професионален советник за здрав живот.

Практикувајте го ова секојдневно бидејќи навистина е корисно за мозокот, а исто така ви овозможува да размислувате подобро.

Бидете сочувствителни

Трпението ви овозможува да станете сочувствителни, бидејќи кога сте трпеливи кон другите учите како да сте толерантни и како подобро да ги разберете другите.



Размислете пред да прозборете или пред да притиснете sent

Направете пауза пред да прозборите или да притиснете sent, без разлика дали станува збор за меил или порака.

- Понекогаш зборуваме без да размислиме на последиците, но со цел да не ги повредиме другите мора да направиме мала пауза и да размислиме дали е правилно тоа што следи, смета Кимберли Хершенсон, терапевт за когнитивно однесување.

Научете како да се смирите

Вежбајте, прошетајте, поиграјте си со вашето милениче, едноставно најдете начин кој ве смирува. Многумина медитираат, слушаат музика, читаат книга, сѐ што сметате дека ќе има резултат направете го во моментот кога сте нервозни со цел да се смирите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби