ОДЛИЧНИ СОВЕТИ

Која е тајната на многумина жени за да останат млади?

Најверојатно многу жени кои што ја поминале 35-тата година од својот живот стануваат сѐ повеќе свесни за стареењето, кое сакаат некако да го одложат. Но, секако, тоа не е возможно. Сѐ што може да се направи е да се почувствувате помладо во духот и во физичката форма. Што се однесува до физичкиот изглед, инвестирајте пари во добра козметика против брчки, а кога станува збор за духот, тогаш прочитајте ги тајните на неколку жени за тоа како тие се одржуваат младо.

Направете нешто храбро



- Многу сакам адреналин! Ништо не ме прави да се чувствувам помладо и поживо од правење на нешто опасно. Минатата година целта ми беше да научам да правам трикови на хулахоп и трикови со запалено стапче. Оваа година учам да возам планински велосипедизам, Шана, 42 години.

Помагајте им да другите

- Ништо не ме прави помладо и посреќно од моментот кога им помагам на некој и им го разубавувам животот. Еден начин да помагам е мојата професија како тренер за здрав живот, при што најчесто работам со 40 или 50 годишни жени и им помагам да се чувствуваат младо, здраво и живо, Тамара, 50 години

Имајте смисла за хумор

- Јас и моите деца сакаме да раскажуваме шеги за прдежи. Да, се уште знаат да ме насмеат иако сум зрела и возрасна. Исто така и вежбам CrossFit, поради што се чувствувам младо. Кревам поголема тежина од онаа која ја кревав кога бев млада, Мери, 45 години

Прегрнувајте се



- Календарот можеби вели дека имам 65 години, но се чувствувам како 35 години. Една работа која ме одржува млада и поврзана со другите е дека многу ги прегрнувам луѓето, Деб, 65 години

Пронајдете си го друштвото

- Се опкружувам во друштво на прекрасни пријатели кои ме подржуваат. Тие дами, покрај сопругот кој ми дава слобода и ме разбира, мојот 10-годишен син кој ме учи на љубезност и работата со клиентите, кои ми се вистинска инспирација ме одржуваат среќно, благодарно и младо. Постојано се смееме, Дебра, 46 години

Одличен сексуален живот

- Ништо не може да ве направи да се почувствувате помладо од романсата. Одење на викенд или состаноци со мојот маж ми дава повторно да се потсетам зошто сум се заљубила во тој човек. А да делиш здрав интимен живот со истиот човек цели 30 години е нешто за што сум многу благодарна, Шенон, 58 години

Време само за себе



- Открив дека ако ги правам работите кои ги сакам почесто, се чувствувам помладо. На пример, открив дека сакам да вежбам, а во минатото тоа не го знаев. Исто така, готвам храна која ја сакам, не само онаа која знам дека семејството ќе ја сака. Се омажив на 20 години, а на 22 години веќе имав деца, па не знаев многу работи за себе. Сега, имам хоби кое ме исполнува и често знам како самата да направам да сум среќна, Меган, 41 година

Започнете свој бизнис

- На 58 години, сфатив дека е време да се вратам повторно на училиште. Дипломирав на 60 години, па сега кога многумина од моите врсници размислуваат за пензионирање, јас си отворив сопствена компанија. Всушност, многу сум среќна, бидејќи го живеам мојот сон, Сузан, 62 години

Играјте си како деца

- Не ми е гајле што мислат другите и правам сѐ што сакам со мојата ќерка. Си играм со играчки во парк, цртаме, боиме, играме секакви игри. Можеби имам 40 години, но се чувствувам како 27 и тоа е сѐ што е важно, Тарнер, 41 година

Хранете се здраво

- Не пијам алкохол, не пушам и се исхранувам здраво. Вежбам најмалку три пати неделно и трчам. Само што си купив кајак, а имам и своја градина во која често се занимавам. Можеби некои ќе кажат дека ова што го правам е екстремно, но одлучив да сум помлада отколку што сум, Сузи, 61 година

Слушајте музика во живо



- Едно од најголемите задоволства во животот ми е да посетувам концерти. Да се подготвувам за слушање на добра музика, да го слушам пејачот, тоа за мене е многу важно, бидејќи на тој начин се чувствувам младо, Роберт, 40 години

Вежбајте со млади луѓе

- Вежбањето со посилни и помлади луѓе од мене ми помага да ги поминувам границите, да пробувам нови работи и да сфатам дека годините се навистина само бројка. Многу е добро кога гледам што сѐ можам да постигнам. Исто така, сакам да ги мотивирам другите, Шенон, 46 години

Грижете се за вашите деца

- Да имате син кој е 5-годишник заробен во тело на 28-годишно момче е всушност она што ме прави да се чувствувам младо. Кога бев млада мајка, неговите проблеми направија многу брзо да созреам, па набрзо не бев во склад со моите години. Дури и во моите 20-ти кога некој ме прашуваше колку години имам, застанував и броев колку имам. Сега, поради него сфатив, дека не си онолку стар колку што се чувствуваш, па токму син ми ми влеа самодоверба во однесувањето и она што сакам да го облекувам. Всушност, син ми неодамна кажа дека сум како 29 годишна девојка, Лиза, 65 години

Излезете од комфор зоната



- Си поставив цел да излегувам од мојата комфор зона најмалку еднаш неделно. Тоа може да значи да научам нешто ново, да откријам нов пат или да направам повик. Целта е да ги поместам границите и да го чувствувам целиот свет околу мене. Исто така, редовно вежбам, тоа е се она што ме прави да се чувствувам младо, Кимберли, 58 години

Научете нешто ново

- Се чувствувам најмладо кога правам работи кои го предизвикуваат моето тело и ум. Како возрасен човек, посетувам часови по фотографија и гласовен јазик, кои моментално ми се мои пасии. Дефинитивно не сме плашливи деца како некогаш, Кејси, 43 години

Немојте да ја бојадисувате косата

- Имам 15-годишна ќерка која ме одржува младо со тоа што го споделува со мене нејзиниот вкус за музика и постојано го повишува радиото во автомобил. Сакам да види таа колку сум горда на моите години и дека младоста е чувство, а не изглед, како на пример бојадисувањето на седите влакна, Шенон, 58 години

Заборавете на годините



- Мојот совет за да се почувствувате младо е едноставно да заборавите да броите. Јас сум 57 години, но имам 36 во моето срце. Секако не можам да ги запрам сите работи кои доаѓаат со стареењето, но активна сум и се трудам да сум постојано ангажирана за некои работи. Исто така, додека се гледам во огледало никогаш не ги носам моите очила, Колет, 57 години



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби