НАМАЛЕН РИЗИК ОД РАК

Причини за вежбање на отворено

Пролетта е одлично време да започнете со вежбање и подготвување на телото за летната сезона. Сепак, пред да се затворите во тератана, размислете два пати, зошто вежбањето надвор е далеку подобро.

1) Го намалувате ризикот од рак

Студии објавени во Американскиот журнал за јавно здравство сугерираат дека зголемување на нивото на витаминот Д може да го редуцира ризикот од рак на простата и колоректален карцином, што значи за поздрав живот дефинитивно треба да вклучите и вежбање на отворено во својот распоред.

2) Го подобрува имунолошкиот систем

Истражувачи од разни универзитети откриле поврзаност помеѓу вежбањето на отворено и подобреното имунитетно здравје – индивидуите кои во текот на 3 дена 2 пати дневно пешачеле имале зголемен број на бели крвни клетки за 40%, а тие бројки биле високи и 30 дена по завршувањето на експериментот.

3) Ја подобрува меморијата

Истражувачи од Калифорнискиот Универзитет откриле дека ниското ниво на витамин Д предизвикува предиспозиција за губење на меморијата како што старееме, така што секое вежбање на отворено може да прави голема разлика за понатаму во животот.

4) Ќе чувствувате помалку стрес

Истражувања сугерираат дека умерена количина на ултравиолетова светлина ги намалува симптомите на депресија додека ја зголемува количината на ендорфини, што ве прави помалку подложни на стрес секојпат кога вежбате.

5) Го подобрувате метаболизмот

Најдобро што може да направите за вашиот метаболизам е да почнете да вежбате, а неговата ефикасност уште повеќе ја подобрувате доколку тоа го правите на отворено, бидејќи витаминот Д влијае и на подобрување на способноста на метаболизмот да согорува маснотии.

6) Го подобрува видот

Разни студии покажале дека не само што подобрената циркулација од вежбањето е добра за здравјето на очите, туку и дека витаминот Д помага за подобрување на видот и го намалува ризикот од макуларната дегенерација предизвикана од стареењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби