Неколку причини за да го прескокнете редовниот тренинг

Велат дека секој ден е добар за вежбање, но во суштина не е секогаш така. Постојат ситуации кога е подобро да го прескокнете редовниот тренинг и да се посветите на нешто друго.

1) Доколку сте ненаспани

Иако вежбањето кога сте поспани може да ве расони – избегнете го.

Добриот сон е екстремно важен дел од секоја фитнес рутина, бидејќи мускулите се зајакнуваат во периодот по вежбањето кога телото ги поправа нивните оштетувања.

Вежбањето кога сте ненаспани значи не само што нема да имате енергија да го дадете максимумот, туку шансите да се повредите се поголеми, бидејќи моторните вештини се редуцирани. Помалку од 5 часа спиење влијае на времето за реакции и когнитивната функција кои се критични за оптимални перформанси за време на вежбањето.

2) Доколку сте повредени

Ако чувствувате болки ден или два по посилен тренинг, вежбањето ќе ви помогне во заздравувањето преку зголемената циркулација. Меѓутоа, доколку болката трае и секое движење предизвикува болка која го ограничува, тогаш ризикувате уште поголема повреда ако вежбате – и тоа не само на тој мускул, туку и на околните зглобови и мускули. Затоа , подобро е да одморите неколку дена отколку да завршите на доктор па присилно да одмарате со недели/месеци.

3) Доколку сте болни

Последно што сакате е да го изложите телото физички напор во вид на вежбање, кога секое парче енергија му е потребно да го искористи за да ве заздрави. Покрај тоа, ризикувате ширење на бактерии во теретаната, со што го загрозувате здравјето и на останатите.

4) Доколку имате силни изгореници од сонце

Кај силните изгореници постои ризик од топлотен удар, дисбаланс на електролити и течностите во телото, како и прегревање. Тие мора да се третираат со одмор, хидратација и креми за смирување на кожата, додека нејзината состојба се нормализира. Докторите препорачуваат да почекате барем 48 часа по завршетокот на сите третмани пред да проверите во теретана дали кожата доволно заздравела.

5) Доколку сте тазе тетовирани

Доколку имате нова тетоважа, мора исклучително да внимавате да не ја оштетите додека е сè уште свежа со тоа што ќе ја изложите на триење и пот при вежбањето. Покрај тоа, ризикувате да ја инфицирате бидејќи теретаните се преполни со секаков вид бактерии. Поради тоа, се препорачуваат никакви или вежби со слаб интензитет за да се избегнат случајните повреди или гребаници на тазе истетовираниот дел од телото, додека не заздрави по 10-на дена или повеќе (во зависност од големината на тетоважата)

6) Доколку сте мамурни

Иако движењето ја зголемува циркулацијата што ќе направи да се чувствуваат подобро, најдобро е да одморите од вежбање. Како и кај ненаспаноста, и во мамурлакот моторните вештини се редуцирани, што може да доведе до повреда. Ако веќе „не ве држи место“, тогаш долга прошетка или лесно џогирање е многу подобра опција отколку кревање тежини или интензивен тренинг од било каков тип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби